Посета на претседателот Пендаровски на Сојузот на стопански комори на Македонија

22 јули 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари посета на Сојузот на Стопански комори на Македонија.

На средбата со стопанствениците, претседателот Пендаровски се осврна на неколку најважни работи, за кои како што нагласи, треба да има договор и консензус, а пред се треба да се работи на подобар амбиент за компаниите.

„За жал во изминативе години и децении ние политичарите не ви помогнавме многу во таа смисла. Себеси не се изземам од таа категорија на луѓе затоа што јас сум над 20 години активен во јавниот живот, иако сум само 2 месеци Претседател. Значи, ако можам на некој начин да се извинам во името на сите претходни генерации политичари што не ви го направиле животот и бизнисот полесен, за да на сите нас понатаму ни биде полесно, еве тоа го правам. Најмалку во лично име. Значи навистина мислам дека во изминативе 30 години како независна држава, политиката правеше се, и преку оваа поларизација и на многу други начини, да го попречи бизнисот или што е најтрагично да го стави под своја капа. Бизнис под политичко менаџирање е со ефект само за оние кои го менаџираат, не и за народот, не и за граѓаните. Јас се надевам дека последниве две години имаме позитивни исчекори во спротивна насока, дека бизнисот треба постепено да се ослободува од политичките стеги“, нагласи Претседателот.

Претседателот Пендаровски се осврна и на крупната афера од последните десетина дена.

„Последниве денови сме сведоци на една крупна афера која има многу шпекулации, која очигледно оди низ многу слоеви на нашето општество, и економски, и криминални, и политички, за жал. Јас од оваа позиција не гледам политички притисок ако кажам дека инсистирам државните органи во таа таканаречена ситуација или случај „Рекет“ да ја истераат работата што е можно побрзо, до крај, навистина до крај, за да не се остави ни најмал простор за сомнеж дека некој некого штити или дека повторно се рециклираат некои лоши практики од минатото, кога одредени политички фактори штитеа бизниси, односно беа заштита за криминалните бизниси, и на тој начин знаеме до кое дереџе дојдовме. Значи, Европската комисија во својот извештај во 2017 година не дефинира како заробена држава, имено најмногу заради политичка поларизација, меѓутоа и заради тоа што бизнисот се знаеше кој може да го прави и кој смее да влезе воопшто на тоа поле“, рече претседателот Пендаровски.

Тој истакна дека пред неколку дена го комплетирал економскиот тим, кој ќе му помага во истакнување на економскиот аспект на надворешните односи и на дипломатијата, а кој бил запоставен од почетокот на нашата независност, при патувањата надвор. Претседателот нагласи дека ќе настојува со него да бидат и економските министри, без разлика која гарнитура е на власт, а од бизнис секторот да добива информации за состојбите и нивните барања. Тој рече дека задача на Претседателот е да се намали поларизацијата и поделеноста во државата.

„Моја задача, бидејќи сум платен од вашите пари, е тоа да се обидувам да го правам до крајот на мандатот и тука нема суети, нема повредено его. Јас морам да се јавам кај тие луѓе кои се актери на политичката сцена со кои досега не сум направил комуникација, а кои се битни за вкупниот амбиент, да се обидувам да ги добијам. И јас ќе ги барам и бидете убедени дека ќе направам се да ги намалам тие тензии, бидејќи мислам дека барем за неколку работи кои се стратешки битни за државата, не треба да се расправаме“, рече претседателот Пендаровски, посочувајќи ги нашите стратешки приоритети,  економскиот развој, комплетно интегрирање во ЕУ и НАТО и меѓуетничките односи.

„Северна Македонија мора да биде комплетно интегрирана во евроатлантските структури. Членството во НАТО е битно како предуслов за безбедност, па понатаму за економски развој. Значи тука партиите не смеат да имаат разлики. Нашето интегрирање или приближување кон НАТО оди со задоволителна брзина. Имаме многу позитивна најава од американскиот Сенат дека во наредниве два месеци можеме да ја завршиме и таа ратификација на практично клучната држава во Алијансата и во почетокот на декември да станеме полноправна членка. Тоа е битно затоа што на тој начин, по дефиниција истиот момент, амбиентот за правење бизнис станува предвидлив. А во однос на Европската унија сите заложби и јавни искажувања се дека ние ќе добиеме датум за преговори до крајот на годината, како што беше планирано.  Да ги завршиме што е можно побрзо тие преговори со Европската унија и низ тие преговарања да ја направиме државата подобра, се разбира побогата“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот јасно посочи дека нема да потпише ниту еден указ на закон ако бизнис заедницата смета дека не е во нивен интерес и во интерес на граѓаните. Битно е, рече, да им се даде шанса на младите за нивно прво вработување во земјава.

Со Владата се почнати разговорите за нови дипломатски претставници, бидејќи во моментов во 27 држави сеуште нема назначено прв човек во дипломатско конзуларните претставништва на државата. Претседателот подвлече дека високата политика треба да го отстапи местото за луѓе кои ја разбираат економијата.

Претседателот посочи дека нема отворени прашања со соседите, по двата потпишани договори, и дека идната година не очекува мирна година. Независно од информациите, рече претседателот, нема да се вратиме назад кон поделби и кавги, и нема показатели дека се влегува во нови безбедносни закани и ризици.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска во селото Требош, Општина Желино ја посети компанијата „Везе шари“. За време на посетата, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната работа на компанијата, која...

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст на изјавата на претседателот Пендаровски. Почитувани медиуми, Почитувани граѓани, Благодарам за вашето присуство. Повод за...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“, на којшто беа доделени признанија на триесет и двајцата номинирани личности, кои со нивната индивидуална ангажираност придонеле како двигатели на позитивни промени во...

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Кабинетот на претседателот, денеска го посетија претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Аеродром, Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет. [gallery...

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на панел дискусија посветена на Денот на ретките болести во организација на Националната алијанса за ретки болести на Македонија – НАБРМ.   [gallery...