Посета на средношколци од организацијата Американски совети за меѓународно образование во рамки на Отворен Кабинет

26 декември 2019 | Отворен Кабинет, Соопштенија, Средби

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, денеска го посетија претставници на организацијата Американски совети за меѓународно образование, американски средношколци коишто посетуваат настава во училишта низ нашата држава и македонски ученици коишто во изминатиот период посетуваа настава во Соединетите Американски Држави.

За време на посетата на Кабинетот, гостите имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Пендаровски, да го информираат за нивните досегашни активности, во рамки на програмата за размена на ученици од средното образование, со цел нивно запознавање со општествата и културата во двете држави.

Посетителите разговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа и надлежности, а ги посетија и просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, салата за свечености, настани и прес-конференции. Гостите се запознаа и со дел од вработените во Кабинетот и беа информирани за историјатот на Вила Водно, за дел од активностите коишто се одвиваат, како и за начинот на функционирање на оваа институција.

Денешната посета на учениците е во рамки на Отворен Кабинет, активност којашто овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот https://pretsedatel.mk/?page_id=3016 имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер, коишто ќе бидат реализирани во Кабинетот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЗНМ и на меѓународни новинарски и медиумски организации

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЗНМ и на меѓународни новинарски и медиумски организации

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Здружението на новинари на Македонија, како и претставници на неколку меѓународни новинарски и медиумски организации. На средбата се разговараше за прашања поврзани со слободата на изразување и независноста...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Ангола во Република Северна Македонија со седиште во Будимпешта, Жозе Филипе. На церемонијата на предавање на...

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...