Посета на ученици од ООУ „Владо Тасевски” од Скопје во рамки на активноста Отворен Кабинет

19 декември 2019 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, денеска го посетија ученици од Општинското основно училиште „Владо Тасевски” од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет.

Учениците имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, да се информираат за неговата работа и надлежности, а ги посетија и просториите во коишто се реализираат официјалните средби, како салите во коишто се организираат свечености, настани и прес-конференции. Посетителите се запознаа и со дел од вработените во Кабинетот од коишто беа информирани за историјатот на објектот, во којшто е сместен Кабинетот на Претседателот, како и за начинот на функционирање на оваа институција.

За време на денешната посета, претседателот Пендаровски и учениците засадија неколку садници Македонски даб (Quercus trojana), симбол на претседателскиот амблем, а во активноста се вклучи и Благоја Сотировски, којшто во текот на 2008 година бил ангажиран во редизајнирањето на хортикултурното уредување на дворот на Кабинетот, Вила Водно.

Денешната активност Отворен Кабинет е дел од проектот Лице в лице со Претседателот, со кој се реализираат директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот https://pretsedatel.mk/?page_id=3016 имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер, коишто ќе бидат реализирани во Кабинетот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Ѓоргиевска: Солидарноста и заедничката надеж што ја споделуваме на светскиот ден на мултипла склероза нека трае сите 365 дена во годината

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на одбележувањето на 30 Мај - Светскиот ден на мултипла склероза што се одржа во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза. Во своето обраќање, г-а Ѓоргиевска...