Посета на учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP)

9 јуни 2023 | Соопштенија

Во посета на Кабинетот на претседателот денеска беа учесници на Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP) која се имплементира од Младинскиот отворен форум од нашата земја во соработка со Центарот за наука и иновации за развој (SCiDEV) од Албанија и Центарот за образовна политика (CEP) од Србија.

Посетителите имаа можност да се запознаат со начинот на функционирање на институцијата, да ги разгледаат просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, свечености и прес-конференции, како и Мозаик салата со импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“ изработен од реномираниот уметник, академик Глигор Чемерски.

За време на средбата со претседателот Пендаровски, посетителите го информираа за досегашните активности кои се дел од Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност и се насочени кон развивање на капацитетите во областа на информираното и засновано на податоци застапување, лидерство, активизам и интеркултурна размена и кон зајакнување на регионалната соработка меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија. Тие имаа можност да се запознаат и со активностите кои се одвиваат во Кабинетот, како и со претседателската функција и уставните надлежности.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Денеска Кабинетот на Претседателот, во рамки на активноста Отворен Кабинет, го посетија ученици од шесто одделение при ООУ „Григор Прличев“ од Скопје. За време на посетата, учениците беа запознаeни со историјатот на објектот во...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“ организирана по повод Меѓународниот ден за еднакви плати. Говорејќи за значајноста на зајакнувањето на економската сигурност на жените во...

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Викендов во Кавадарци се одржа третиот модул на Школата за политики за 2023 година, при Претседателскиот центар за политичко образование. Третиот модул на Школата го отворија д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за...

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на затворањето на 44. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски кој е...

Претседателот Пендаровски се сретна со мешовитиот стручен тим за конзервација и реставрација во црквата „Св.Ѓорѓија“ во с. Курбиново

Претседателот Пендаровски се сретна со мешовитиот стручен тим за конзервација и реставрација во црквата „Св.Ѓорѓија“ во с. Курбиново

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети црквата „Св. Ѓорѓија“ во с.Курбиново кадешто се одвива првата фаза од проектот за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во ентериерот на црквата којашто е ставена под заштита како културно-историски...