Предавање на акредитивните писма од страна на новоименуваната амбасадорка на Република Литванија за Република Северна Македонија

13 јули 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, преку видео-врска разговараше со Јурате Рагукјене, новоименувана амбасадорка на Република Литванија за Република Северна Македонија, со седиште во Загреб.

Поради пандемијата на COVID-19, амбасадорката Рагукјене, наместо на протоколарна церемонија во Кабинетот на претседателот, акредитивните писма ги предаде по писмен пат.

Упатувајќи честитки за назначувањето на функцијата, претседателот Пендаровски изрази увереност дека ангажманот на амбасадорката Рагукјене  ќе даде значаен придонес во натамошното јакнење на соработката меѓу двете држави во сите области од заемен интерес. Во тој контекст двајцата соговорници изразија задоволство од добрите и пријателски политички односи, реафирмирајќи ја подготвеноста на двете држави за натамошно продлабочување и унапредување на соработката, особено во економската област, трговската размена и инвестициската соработка.

Осврнувајќи се на стратешките аспирации на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски изрази благодарност за отворената и силна поддршка од Литванија на нашиот евроатлантски пат.

Двајцата соговорници разменија мислења и за актуелната состојба со пандемијата на COVID-19 во двете држави, како и за справувањето со предизвиците од здравствен и социо-економски аспект.

Претседателот и посака успех на амбасадорката на Литванија во извршувањето на оваа одговорна должност, нагласувајќи дека во таа насока ја има целосната поддршка и помош од нашите институции.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...