Предавање на претседателот Пендаровски на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии во Љубљана

16 јули 2019 | Соопштенија

Се додека Западниот Балкан не се интегрира во Европската Унија, не можеме да очекуваме да исчезнат балканските омрази, а слабите економии и меѓуетничките односи да се подобрат, порача претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на предавањето на тема „Иднината на Северна Македонија – Како да се забрза интеграцијата во ЕУ“, на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) во Љубљана.

Говорејќи за случајот на Северна Македонија, претседателот Пендаровски рече дека со интензивен дипломатски ангажман за многу кратко време државата успеа да реши децениски прашања. Овој процес, според Претседателот, не беше лесен, затоа што мораше да се донесат тешки одлуки за многу чувствителни прашања за граѓаните. Според него, главната состојка во целиот процес била политичката волја.

Со потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и со Преспанската спогодба со Грција, според претседателот Пендаровски, Северна Македонија се ослободи од товарот на минатото.

„Северна Македонија е единствена држава во регионот што веќе нема отворени прашања со своите соседи. Истовремено, отворивме и нова можност за соработка и градење стратешки партнерства со нашите соседи“, рече претседателот Пендаровски во предавањето.

Според претседателот на Северна Македонија, најголема безбедносна закана за регионот е масовната имиграција, односно заминувањето на младите луѓе. За нова ера на Балканот, според претседателот Пендаровски, може да се говори единствено преку интеграцијата во Европската унија.

„Се додека Западниот Балкан во целост не се интегрира во Европската унија, не можеме да очекуваме дека сите балкански омрази, слабите економии и меѓуетничките односи ќе бидат подобри. Никој нема да може да очекува дека младите генерации, кои гo напуштаат регионот во масовни бројки, ќе запрат. Најголемата закана за националната безбедност за сите наши општества на Западниот Балкан е имиграцијата. Младите луѓе си заминуваат, заминуваат по подобар живот, по повисок стандард, по нормален живот, по мирен живот. Ако не ги започнеме преговорите со Европската унија, со перспектива да ги завршиме што поскоро, а што поскоро се разбира не значи случајот на Црна Гора, која преговара седум години и сеуште чека да ги отвори сите 35 поглавја, тогаш сме далеку од точката кога ќе можеме да кажеме дека сме ги затвориле сите овие прашања. По мое мислење, сето тоа треба да биде завршено, за сите земји што ги споменав од регионот, за максимум пет до шест години. Само така можеме да говориме за нова ера на Балканот, инаку ние повторно ќе зборуваме за конфликти, проблеми, за потпалувачка реторика“, рече претседателот Пендаровски во предавањето на ИФИМЕС.

Претседателот Пендаровски престојува во официјална посета на Република Словенија, каде вчера во Љубљана беше примен од претседателот на Република Словенија, Борут Пахор. За денеска се предвидени средби со Претседателот на Државното собрание на Република Словенија, Дејан Жидан и со Претседателот на Владата на Република Словенија, Марјан Шарец.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....