Предавање на тема “Ковид 19 – предизвици, подготовка за евентуален нов бран, досегашни искуства и лекување“ во Кабинетот на Претседателот

7 октомври 2020 | Соопштенија

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, вчеравечер се одржа предавање на тема “Ковид 19 – предизвици, подготовка за евентуален нов бран, досегашни искуства и лекување“.

На настанот свои излагања имаа министерот за здравство Венко Филипче; Џихан Тавила, шефица на Светската здравствена организација во Скопје; Кристина Ставридис од Институтот за јавно здравје и директорката на Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ.

Обраќајќи се пред присутните студенти од Медицинскиот факултет во Скопје, сопругата на претседателот изрази задоволство од нивниот интерес да се запознаат со предизвиците коишто произлегуваат од Ковид 19. Таа порача дека глобалната пандемија, а во очекување и на твиндемијата (паралелно зголемување на бројот на заболени од грип и Ковид-19), наложува сериозен и одговорен пристап и дека нивниот придонес и активна вклученост се повеќе од добредојдени.

„Исклучително е важно сите ние да придонесеме за прекинување на стигматизирањето на болните. Апелирам на почитување на сите мерки, апсолутно, но секој што е инфициран, секој што е болен – не сака да биде болен. Сметам дека и стигматизирањето води кон тоа луѓето да ги кријат контактите и на таков начин невозможно е да се добие вистинската епидемиолошка слика“, истакна сопругата на претседателот, Ѓоргиевска, порачувајќи им на студентите во својата секојдневна комуникација да посветат внимание и на тој аспект.

Министерот Филипче ја нагласи важноста на мултисекторскиот пристап за успешното справување со коронавирусот. Говорејќи за предизвиците во здравството тој истакна дека парцијалните решенија нема да го дадат посакуваниот резултат, туку системскиот пристап врз основа на параметри карактеристични за земјата, коишто лесно се анализираат.

„Еден сериозно голем сегмент во унапредувањето и зајакнувањето на здравствениот систем е комуникацијата, и ова што сега го правиме. Во изминатиов период бевме отворени и транспарентни за комуникација, студентите и особено специјализантите беа практично присутни во министерството и даваа сугестии, бидејќи нема поента од наметнато решение. Не можеш да најдеш решение коешто ќе биде добро само за државата, без да биде добро за оние на кои тоа решение се однесува“, истакна министерот.

Шефицата на Светската здравствена организација во Скопје, Џихан Тавила, изрази задоволство од партнерската, отворена и транспарентна соработка со министерството за здравство во нашата држава упатувајќи честитки за постигнатото во однос на проширувањето на капацитетите со цел поуспешно соочување со Ковид-19.

„Она што е важно е сеопфатната стратегија и конзистентната комуникација – информираноста на населението. Мора да се бориме против лажните вести и дезинформациите, а во најдобра позиција тоа да го сторат се здравствените работници“, рече Тавила.

Д-р Кристина Ставридис ја прикажа најновата епидемиолошка состојба, додека Ас. д-р Милена Стевановиќ зборуваше за најновите методи за третман кои се применуваат во лечењето на пациентите со Ковид-19.

Настанот се одржува во рамки на иницијативата започната во февруари во Канцеларијата на претседателот МладиХаб со стручно предавање од областа на медицината на министерот Венко Филипче, а која продолжи во Вила Водно со предавањето на сопругата на претседателот на тема: „Симплифицирана 3D визуелизација: µCT евалуација in vitro и in vivo“ и со предавањата по повод Светскиот ден на Алцхајмеровата болест на асист. д-р sci Габриела Новотни од Медицинскиот и проф. д-р Кристина Митиќ од Стоматолошкиот факултет во Скопје.

Главната цел на оваа активност е студентите и младите лекари да се запознаат повеќе со пандемијата со Ковид-19, предизвиците со кои се соочуваме, подготовките за евентуален нов бран, како и со досегашните искуства на превенција и лекување, од страна на компетентни лица.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...