Предновогодишна посета на претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска на детски одделенија на неколку скопски клиники

29 декември 2022 | Aктивности, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски и сопругата Елизабета Ѓоргиевска денеска посетија детски одделенија на неколку скопски клиники.

При посетата на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести, Скопје, претседателот Пендаровски со сопругата Ѓоргиевска, на најмалите пациенти кои престојуваат овде им прочитаа книга со детски приказни и им подарија новогодишни пакетчиња. Во рамки на посетата, тие имаа средба и со директорката на клиниката, Стoјка Нацева-Фуштиќ со која разговараа за условите за работа и активностите насочени кон пружање на подобра здравствена услуга на децата кои се пациенти во оваа клиника.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска претходно беше во посета на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле, Скопје и ЈЗУ Клиника за детска хирургија, Скопје кадешто посети неколку детски одделенија при што на децата им подели новогодишни пакетчиња.

При посетата на овие две клиники, Ѓоргиевска имаше можност да разговара со вработените при што им се заблагодари за грижата и посветеноста со која се грижат за децата пациенти во нивните установи. Во разговорите со Бесник Зеќири, директор на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле, Скопје и Славица Литајковска, директор на ЈЗУ Клиника за детска хирургија, Скопје, сопругата на претседателот беше информирана за функционирањето, тековните активности и планови за работа на овие установи.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...