Презентиран Извештај за човековиот развој 2019 – Нееднаквостите во човековиот развој во 21 век

17 декември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска беше домаќин на презентацијата на извештајот за човековиот развој 2019 – Нееднаквостите во човековиот развој во 21 век.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање изрази задоволство што во извештајот Северна Македонија се наоѓа во категоријата на земји со висок човеков развој и од 2000 година до 2018 година бележи развој во сите категории.

Овие резултати звучат охрабрувачки, но, само на прв поглед, рече Претседателот, потенцирајќи дека во поширокиот европски контекст  состојбата кај нас воопшто не е сјајна, и тоа поради најмалку две причини. Прво, во нашата категорија на држави со висок човечки развој има само 6 од 44 европски држави. Најголем дел од европските држави припаѓаат на погорната категорија на држави со многу висок човеков развој. Второ, зад нас има само две европски држави од кои ниту една нема статус на кандидат за членство во Европската унија.

„Ние треба многу сериозно да го земеме предвид извештајот на УНДП и да се соочиме со фактите. А, фактите зборуваат дека за речиси 30 години независност, сме имале вкупно 21 парламентарни, претседателски и локални избори. На овие избори македонските граѓани им дале доверба на стотици политичари од речиси сите релевантни политички партии да ја направат државата подостоинствено место за живеење. И покрај тоа, ние денес се уште дискутираме за тоа дали едно просечно четиричлено семејство ќе може да го преживее месецот со две минимални плати“, нагласи претседателот Пендаровски, повикувајќи се на извештајот на УНДП кој, според него покажува дека средната класа во Северна Македонија се топи.

Претседателот подвлече дека степенот на демократија во една држава, пред се, се мери со способноста на државата да овозможи доследно почитување и владеење на правото, а функционалната правна држава е основен предуслов за одржлив јавен поредок.

„За жал, поради корупцијата и особено високата корупција, ние се уште зборуваме за нееднаквост на граѓаните пред законите. Затоа и не треба да бидеме изненадени од нивното незадоволство. Додека се уште преговараме за висината на минималната плата, прогресивниот данок, социјалната помош и другите неопходни мерки за намалување на економската нееднаквост, на повидок е нова генерација на нееднаквости што не може да се надмине само со традиционалните економски политики“, потенцираше претседателот Пендаровски, притоа оценувајќи дека младите висококвалификувани кадри не си заминуваат само поради висината на платите, туку и поради квалитетот на животот и човековото достоинство.

Постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации, Нарине Сахакјан, истакна дека УНДП со нетрпение очекува да го продолжи партнерството со Северна Македонија и во иднина, нагласувајќи ја заложбата за градење подобра иднина за сите.

„Програмата за развој е посветена да оди надвор од границите на човековиот развој неоставајќи никого изоставен, да поттикнува локални акции за глобални промени и да влијае на начинот како размислуваме, испорачуваме, инвестираме и како се справуваме со прогресот кон остварувањето на глобалните цели за одржлив развој. Нееднаквоста не е надвор од решенијата – таа подразбира поширок круг на политики надвор од приходот, надвор од просечноста и од денешницата“, истакна Сахакјан.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...