Претседателот Пендаровски брифиран за тековните состојби во Армијата по членството во НАТО

11 септември 2020 | Соопштенија

Претседателот и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска на работен состанок со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, беше брифиран за актуелната состојба во одбраната и во Армијата, по полноправното членство на државата во НАТО.

На состанокот беа претставени тековните активности, опременоста, степенот на реализација на трансформацијата и модернизацијата во Армијата, согласно целите и способностите усогласени со Алијансата.

Претседателот Пендаровски беше информиран за тековното учество на Армијата во операции предводени од НАТО, Обединетите нации и Европската Унија, како и планираните учества во текот на следната година.

Пред претседателот Пендаровски беа презентирани достигнувањата во однос на новата структура на силите, целите и развојот на воените способности на Армијата и согледувања за натамошна трансформација, согласно потребите што произлегуваат од членството во НАТО.

Претседателот Пендаровски на состанокот истакна дека со членството во НАТО, одговорноста на Армијата е на многу повисоко ниво и поради тоа мора да продолжи инвестирањето во одбраната. Во тој контекст ја реафирмираше неговата заложба за што поскоро исполнување на зацртаната цел – најмалку 2 отсто од БДП да се инвестираат во модернизацијата и развојот на Армијата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Американски совети за меѓународно образование

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Американски совети за меѓународно образование

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Американски совети за меѓународно образование, меѓународна непрофитна организација со седиште во Вашингтон, кои престојуваат во посета на нашата држава. На средбата се...

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Отворен Кабинет со ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје

Денеска Кабинетот на Претседателот, во рамки на активноста Отворен Кабинет, го посетија ученици од шесто одделение при ООУ „Григор Прличев“ од Скопје. За време на посетата, учениците беа запознаeни со историјатот на објектот во...

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“ организирана по повод Меѓународниот ден за еднакви плати. Говорејќи за значајноста на зајакнувањето на економската сигурност на жените во...

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Трет модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

Викендов во Кавадарци се одржа третиот модул на Школата за политики за 2023 година, при Претседателскиот центар за политичко образование. Третиот модул на Школата го отворија д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за...

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на затворањето на 44. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски кој е...