Претседателот Пендаровски во Битола присуствуваше на отворениот ден за граѓаните со учесниците на воената вежба „Одлучен удар“

29 јуни 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во Битола присуствуваше на отворениот ден за граѓаните со учесниците на воената вежба „Одлучен удар“, најголема воена вежба досега организирана во Република Северна Македонија.

Пред граѓаните на Битола беа претставени опремата, постапките и процедурите што се користат при спроведување на вежбата, како и дел од вештините на војниците учесници на вежбата.

„Имавме прилика денеска во Битола да видиме дел од опремата, вооружувањето, па и дел од персоналот војници и старешини кои учествуваа на вежбата која во изминатите месец и половина се одвиваше на воениот полигон „Криволак“. Тоа е најголема воена вежба во историјата на нашата земја, со околу 2.700 војници вкупно. Тука ми е посебна чест што имаше и припадници на американскиот контигент, од кои околу 40 проценти беа во составот на таа мултинационална вежба. Значи над 1.200 американски војници имавме на наша територија, што е само показател дека стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави трае, успешно е, ефикасно е, и со нивна помош очекуваме до крајот на годината да ја постигнеме и формално најголемата стратешка цел која ја имаме зацртано уште во деведесетите, а тоа е полноправното наше членство во НАТО алијансата. Во тој дел можам да ве информирам дека процесот на ратификација на пристапните протоколи во сите земји-членки оди со одлично темпо, дури и во овој, практично веќе, летен период. Очекуваме уште 11 ратификации. Останатите земји-членки од 29 тоа го завршија. Во овие 11 постапката е или почната или е при крај. Она што е за нас битно е што во државите кои внатрешно имаат компликувани процедури од технички аспект, или имаат да речеме дводомни парламенти, таа постапка е веќе поодмината. Ние се надеваме до 4 декември, до самитот на НАТО кој е веќе закажан во Лондон, Велика Британија, да станеме и формално 30 членка на алијансата, токму во годината кога НАТО слави 70 години од своето формирање“, изјави претседателот Пендаровски.

Прашан кога очекува ратификација на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на САД, претседателот Пендаровски рече дека очекувањата се до август или почетокот на есента да се заокружи процесот.

„Ветувањата се дека во американскиот конгрес ратификацијата ќе помине слично како што помина ратификацијата за членство на Црна Гора во 2017 година. Значи, од 100 сенатори во тоа време, 98 гласаа За, еден само беше против, еден беше отсутен. Не уверуваат дека за нас ќе биде најмалку 99 За и еден евентуално може да биде против или воздржан. Меѓутоа, тоа е процедура која е веќе поодмината. Соединетите Американски Држави се дел од таа таканаречена неформална група на пријатели во алијансата која ги турка сите други протоколи за потпишување во другите земји-членки. Значи кај нив нема никаква најава дека може да се забави процесот“, изјави претседателот Пендаровски, појаснувајќи дека процесот на ратификација е од технички, а не од политички карактер.

Вежбата „Одлучен удар“ се изведува на армискиот полигон „Криволак“ од 5 јуни до 9 јули и на неа учествуваат околу 2.700 војници од Северна Македонија, САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора. Целта на вежбата е зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците, подобрување на интероперабилноста, унапредување на заемното разбирање, доверба и зајакнување на меѓусебната соработка.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...