Претседателот Пендаровски во посета на Штип: Граѓаните да се вакцинираат во што поголем број

6 април 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во општина Штип каде што го посети вакциналниот пункт и Модуларната болница за ковид пациенти.

Во вакциналниот пункт во просториите на Здравствениот дом „Панче Караѓазов“, претседателот Пендаровски беше информиран за текот на процесот на вакцинација на граѓаните, која во моментот се врши на лица над 77 години, согласно државната стратегија за вакцинација.

Претседателот Пендаровски се запозна со условите на овој вакцинален пункт кој има 4 позиции за вакцинација на кои се имунизираат по 40 граѓани на ден, а е предвидено во оваа фаза да се вакцинираат 400 лица со вакцината на Астра Зенека. Во процесот на вакцинација на граѓаните на овој вакцинален пункт помагаат и волонтерите на Црвен крст од Штип.

Претседателот Пендаровски порача дека сите ние треба да покажеме максимална одговорност и совест за да се заштитиме себе, најблиските и ранливите групи.

„Она што го баравме и што започна вчера мора да продолжи во континуитет.Ги повикувам граѓаните да се вакцинираат во што поголем број, да не се плашат, да не подлегнуваат на лажни вести, да не веруваат во разно-разни измислици. Како и насекаде во светот, масовната имунизација е единствен начин да се справиме со корона вирусот и да ја надминеме пандемијата на Ковид-19“, порача претседателот Пендаровски.

За време на посетата, претседателот Пендаровски ја посети и Модуларната болница за ковид пациенти во Штип и оствари средба со директорот на Клиничката болница во Штип, која има капацитет од 100 кревети и 47 кревети во модуларната болница, додека здравствениот персонал брои околу 200 лица. Претседателот беше информиран за моменталната состојба со заболени во оваа општина, како и за грижата и пружањето на здравствена заштита на граѓаните, при што изрази благодарност за целосната посветеност и максимален ангажман на здравствените работници и им оддаде признание за пожртвуваноста и професионалноста.

Претседателот Пендаровски оствари средба со надлежните од општинскиот кризен штаб за заштита и спасување при општина Штип на која разговараа за мерките за превенција и заштита на здравјето на граѓаните.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...