Претседателот Пендаровски во посета на Куманово и општина Липково

28 декември 2023 | Соопштенија

Претседателот Пендаровски по повод новогодишните празници денеска го посети Дневниот центар за деца со попреченост „Имаго плус“ во село Оризари, општина Липково и одделението за детски болести на ЈЗУ Општа болница – Куманово.

Во Дневниот центар за деца со попреченост „Имаго плус“ претседателот Пендаровски се запозна со активностите и со видовите на третман кои таму им се пружаат на 15 деца со попреченост на возраст од 2 до 14 години. Во разговорот со стручните лица во Дневниот центар, односно специјален едукатор, логопед, психолог и физиотерапевт, претседателот Пендаровски беше информиран дека центарот нуди индивидуални третмани, а во попладневните часови се организираат различни активности кои вклучуваат групна терапија, окупациона терапија, арт терапија и активности за поттикнување на нивниот развој.

Дневниот центар за деца со попреченост  “Имаго Плус“ функционира од 2020 година како дел од проект за подобрување на социјалните услуги, поддржан од Министерството за труд и социјална политика, а финансиран од Светска банка и истиот опфаќа услуги за дневен престој, индивидуален третман, рехабилитација, реинтеграција, и  ресоцијализација на децата со попреченост во заедницата.

Во кумановската Општа болница претседателот Пендаровски го посети одделението за детски болести. Одговорните лица на оваа установа од секундарна здравствена заштита го информираа претседателот Пендаровски за начинот на функционирање и притоа потенцираа дека освен жителите на Куманово, сеопфатна, континуирана и безбедна здравствена заштита добиваат и граѓаните на општините Липково и Старо Нагоричане, како и на помалите соседни општини Крива Паланка, Ранковци и Кратово, со примена на најсовремени медицински  достигнувања со цел брзо и ефикасно лекување на пациентите.

За време на посетата, претседателот ги посети дечињата кои престојуваат на одделението за детски болести и им подели новогодишни пакетчиња, посакувајќи им побрзо закрепнување.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Заедничка иницијатива за климатска акција  – искуства од  28. Самит за климатски промени

Заедничка иницијатива за климатска акција – искуства од 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посети лабораторијата за мерење на квалитетот на воздухот во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и учествуваше во дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција  - искуства од  28. Самит за климатски...

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Асоцијацијата Тим-40, Жарко Димитриоск

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Жарко Димитриоски, претседател на Асоцијацијата на млади претприемачи во Стопанската комора на Северна Македонија, Тим-40. Димитриоски го запозна претседателот Пендаровски со активностите на нивната асоцијација, како и...

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за  лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Отворен Кабинет за основци од училиштето „Мирче Ацев“ и за лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Кабинетот на претседателот, во рамки на Отворен кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Мирче Ацев“ и лица од Заводот за рехабилитација на деца и младинци од Скопје. [gallery...

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Средба на претседателот Пендаровски со писателката Оља Петрушевска Томева

Претседателот Стево Пендаровски денеска во книжарницата „Сакам книги“ оствари средба со писателката Оља Петрушевска Томева. Истакнувајќи дека речиси и да нема сличност меѓу пишувањето и нејзината примарна професија...

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Претседателот Стево Пендаровски на маргините на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На средбата, двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи, изразувајќи...