Претседателот Пендаровски во посета на општина Велес

23 септември 2019 | Лице в лице со претседателот, Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“, денеска ја посети општина Велес. Воден од заложбата да биде претседател на сите, ќе остварува директни средби со граѓаните коишто на различен начин придонесуваат во нашето општество, односно учители, пожарникари, новинари, граѓански организации, успешни поединци и бизнисмени, хумани лица.

„Идејата на овој проект е, како што порано беше пракса, за жал на некои места и сега е така, граѓаните да доаѓаат и да се поплакуваат на политичките авторитети, вклучително и кај Претседателот, Претседателот да дојде кај нив и да ги праша што им треба, кои се проблемите, како можеме да помогнеме, има ли некоја работа која можеме да ја направиме повидлива за надлежните државни институции да ја решат. И се разбира, во тој концепт, во тие рамки ќе зборуваме и за убавите работи“, потенцираше претседателот Пендаровски во својата изјава за медиумите.

Овој вид на активности, денеска претседателот Пендаровски ги започна од Велес, градот познат по книжевноста, но и по силната граѓанска еколошка свест.

На почетокот на посетата претседателот Пендаровски, заедно со градоначалникот Аце Коцевски, симболично засади садници на опожарените места крај езерото Младост, зафатени за време на пожарите во август годинава. Потоа, претседателот Пендаровски го посети ООУ „Св. Кирил и Методиј“, коешто е изградено во 1857-та година и е едно од најстарите училишта во земјата. Исто така, претседателот Пендаровски ја посети и Територијалната противпожарна единица во Велес. На средбата со командирот на единицата и пожарникарите беше констатирана потребата од инвестиција во човечки капитал и во нова опрема.

„Најприродно е, најлогично е, во секоја демократија тоа се работи – избраните политички претставници на граѓаните и граѓаните на дневна основа да соработуваат, да се слушаат и да работат за заедничко добро“, заклучи претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски додаде и дека ваков вид на активности ќе остварува еднаш до два пати месечно во различни градови и села во земјата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...