Претседателот Пендаровски во Сараево се обрати на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

9 јули 2019 | Обраќања, Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска се обрати на пленарната сесија на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

Во обраќањето, претседателот Пендаровски посочи дека Република Северна Македонија го препознала моментот кога Европската унија посветува големо влијание на регионот и презеде конкретни чекори.

„Со Преспанската спогодба со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија затворивме тешки прашања од минатото. Денес, Северна Македонија е единствената земја во регионот на Западен Балкан која веќе нема отворени прашања со соседите и која постојано ги подобрува односите. На прагот сме на полноправно членство во НАТО. Добивме беспрекорна, чиста препорака од Европската комисија за почеток на преговорите за членство во Унијата. Северна Македонија ги исполни своите обврски. Сега е ред на Европската Унија и земјите членки да го препознаат моментот и да го исполнат својот дел од обврската“, рече претседателот Пендаровски во обраќањето.

Во контекст на залагањата на дел од европските лидери за одложување на проширувањето се додека трае институционалната реформа во унијата, претседателот Пендаровски потсети дека од самите свои почетоци, Европската Унија се трансформирала и се проширувала истовремено.

„Овие два процесa не се исклучуваат, туку се надополнуваат и ја прават Унијата приспособлива на промените. Ако Унијата не се прошируваше додека се менуваше, немаше да биде тоа што е денес – највлијателниот мировен проект што го обединува европскиот континент. Ваквиот паралелен пристап е условен и од објективните околности. Нашиот глобализиран свет не ни дава време да изнаоѓаме решенија без притоа да носиме одлуки. Единствен начин како да се научи како да се совладаат предизвиците е преку искуство“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски истакна дека почетокот на преговорите не значи моментално членство на Северна Македонија во ЕУ, туку почеток на долг процес што можеби ќе трае и цела деценија.

„Сега не е време за изговори и за повлекување од дадените ветувања, туку за храбри одлуки што ќе отворат нова перспектива за нашиот регион“, рече претседателот Пендаровски.

На Европската Унија, нејзините земји членки и кандидатите за членство, но и на европската идеја воопшто, според претседателот Пендаровски, им е потребно храбро и визионерско раководство, подготвено да одговори на сите предизвици.

„Потребно е европското лидерство да го препознае вистинското време и да ги донесе вистинските одлуки“, рече претседателот Пендаровски, истакнувајќи дека целосната интеграција на сите земји од нашиот регион во унијата позитивно ќе влијае на севкупната стабилност на европскиот континент.

„Охрабрени сме од пораките на поддршка и од ветувањето дека одлуката за почеток на пристапните преговори ќе биде донесена оваа есен, во октомври. Само така ќе се потврди принципот на напредување врз основа на заслуги, но и ќе се испрати силна поддршка во земјата, во регионот, но и пошироко дека инвестирањето во решавање на тешките прашања се исплати и обезбедува напредок на земјата“, рече претседателот Пендаровски.

„Европската Унија има одговорност кон нашиот регион и кон нашите држави. Тоа не значи дека ние треба да чекаме Унијата да ја заврши нашата домашна работа и да ги спроведе реформите наместо нас. Но, Унијата секако има одговорност да ни даде можност да ги започнеме преговорите низ кои ќе се менуваме и реформираме сè додека не ги достигнеме неопходните европски критериуми и стандарди. Искуството покажува дека не постои поголема мотивирачка сила за реформи од преговорите за членство“, рече претседателот Пендаровски.

Во обраќањето, претседателот Пендаровски се осврна и на, како што рече, горливото прашање со иселувањето на млади и едуцирани кадри од земјите од регионот.

„Единствен начин како да ги задржиме младите во нашите земји е ако добијат нови можности и перспективи за да го реализираат својот потенцијал и стекнатото знаење во нашите држави, во нашиот регион. Да им овозможиме да растат во регион на солидарност и блискост, свесни за богатството кое го создаваат различностите, за меѓузависноста, убедени во вредноста на обединет регион во обединета Европа, во почитување на човековите права и слободи и демократските, европски вредности. Тоа можеме да го постигнеме само со Европската Унија“, рече претседателот Пендаровски во обраќањето на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, што се одржува во Сараево.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...