Претседателот Пендаровски ги додели медалите на победниците на 34. Охридски пливачки маратон

21 август 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги додели медалите и пехарот на победниците на 34. Охридски пливачки маратон.

Францускиот пливач Аксел Рејмонд во машка и француската пливачка Ошан Касињол во женска конкуренција се победници на 34. Охридски пливачки маратон, кој се одржа под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Маратонската трка, на која стартот го означи претседателот Пендаровски, започна од манастирскиот комплекс „Св. Наум“, а заврши на градското пристаниште во Охрид. На 25 километри долгата патека „Климе Савин” се натпреваруваа вкупно 19 пливачи, 12 во машка и 7 во женска конкуренција, меѓу кои македонските пливачи Евгениј Поп Ацев, кој го освои третото место и Александар Илиевски и Леонид Мишевски.

По пристигнувањето на целта на Охридското пристаниште, претседателот Пендаровски, доделувајќи им венци на победниците, им ја честиташе победата и им посака добро здравје и уште многу натамошни успеси. На церемонија за доделување на медалите, претседателот Пендаровски ги додели медалите и пехарот на победниците на 34. Охридски пливачки маратон.

Охридскиот пливачки маратон е редовна трка од светската серија на ултра маратони на (ФИНА) – Светската пливачка федерација, која се одржува под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...