Претседателот Пендаровски ги додели сертификатите на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

23 јули 2021 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Вила Билјана во Охрид им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“ што се одржа под негово покровителство,  со цел надградување и размена на високотехнолошките вештини кај млади луѓе од нашата земја и од дијаспората.

Низ наставна програма реализирана од предавачи на СТЕМ, учесниците на возраст од 11-15 години имаа можност да ги развиваат нивните вештини за кодирање и роботика, да воспостават пријателства, да ги истражуваат локалните природни убавини, нашето културно наследство и традиција.

Честитајќи им го успешно завршениот камп, претседателот Пендаровски истакна дека покрај работата од наставната програма, учесниците  имаа и по неколку часа прошетка низ културно-историските знаменитости на овој дел на државата при што се запознаа со богатата историја на нашата земја, а истовремено имаа и можност за меѓусебна дружба.

„Она што го научивте тука и она што допрва ќе го учите во оваа област во роботиката се разбира дека е значајно, меѓутоа по мене позначајно е тоа што се дружевте помеѓу себе и направивте, се надевам, пријателства за цел живот“, истакна претседателот Пендаровски.

Кампот беше организиран од Македонија 2025 во партнерство со МАСИТ – Македонска стопанска комора за информатички и комуникациски технологии, Млади Инженери и Охридско Лето. Спонзори на Кампот се Американската амбасада, Алкалоид и Herbal Science US.

Од вкупно 52 апликации беа избрани 17 учесници коишто имаа предзнаење за кодирање и роботика. Приоритет се даде на апликанти од социјално ранлива категорија, а притоа беше запазена и родовата, територијалната, рурално-урбана застапеност и ентичката припадност. Учесниците пред претседателот Пендаровски ги презентираа роботите коишто ги програмирале во рамки на нивните проекти, реализирани во кампот за високо-технолошка извонредност.

Пред почетокот на денешната свеченост, учесниците имаа можност подетално да се запознаат и со историјатот на Вила Билјана, да ги посетат работните простории на претседателот Пендаровски, да се информираат за неговата работа и надлежности. Ваквата активност во рамки на Отворен Кабинет е веќе воспоставена практика во Кабинетот на претседателот во Скопје, а денеска за прв пат се реализира и во Вила Билјана, во Охрид.

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...