Претседателот Пендаровски ги посети припадниците на Армијата и Транзитниот центар на јужната граница на државата

3 март 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска изврши обиколка на позициите на Армијата стационирани на јужната граница на државата.

Во караулата „Гоце Делчев“ на граничниот премин „Богородица“ претседателот Пендаровски поразговара со војниците за нивните обврски во пограничниот дел на државата, начинот и периодот на нивна ротација.

Исто така, командантот на бригадата го информираше претседателот Пендаровски за работата на припадниците на Армијата во караулата „Гоце Делчев”, но и во останатите караули во пограничните градови на јужната граница на земјата.

Во изјавата за медиумите, претседателот Пендаровски потенцираше дека во моментов не е регистриран поголем број на илегални мигранти, освен вообичаените за овој период од годината и додаде дека не се очекува поголем бран на мигранти коишто од соседна Грција би влегле во Северна Македонија. Но, и да се случи тоа, како што рече претседателот Пендаровски, сите надлежни институции се подготвени.

„Државните органи на дневна основа следат што се случува тука, имаме и на дневна основа размена со партнерските служби, практично на дневна основа има и состаноци на управувачкиот комитет во Центарот за управување со кризи каде што секоја надлежна институција има свој претставник, вклучително и Кабинетот на Претседателот. Од неодамна е, според закон, активиран и новиот орган за координација на службите кои исто така имаат дневни проценки, дневни анализи. Од пред два дена, можам да ви кажам дека и армискиот контингент тука го зголемивме, не можам да зборувам за бројки бидејќи тоа се класифицирани информации, меѓутоа го зголемивме. Не во очекување на некој голем бегалски бран, меѓутоа во очекување на тоа што евентуално може да се случи, да не не фати неподготвени. Знам дека истото се случува и со единиците на вработените од МВР”, истакна претседателот Пендаровски.

Истовремено, како што додаде претседателот Пендаровски, притисокот од мигранти сега е на турко-грчката граница и дека бранот на бегалци наликува на оној во 2015 и 2016 година.

„Ние сме дел од еден поширок, да го наречам, низ на држави кои морааат да бидат подготвени, па макар и како транзитна зона што се вели, меѓутоа јасно е дека искуството од 2015 и 2016 година е огромно и вредно во таа насока. И да има евентуален прилив, ве уверувам дека сите надлежни органи се тука и се будни, анализираат и разменуваат информации, така што практично не можам да видам ситуација во која ќе бидеме изненадени. Ако можевме со највисоки оценки да го завршиме менаџментот на кризата 2015/16-та со тој транзит од над еден милион и триста илјади луѓе преку нашата територија, сега не дај боже да дојде таква ситуација, меѓутоа ние сме подготвени и повторувам тоа не можеме да го направиме сами, освен со одлична соработка со партнерските држави во рамки НАТО Алијансата, и се разбира со нашиот сосед Грција”, заклучи претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски на јужната граница го посети и Транзитниот центар Винојуг – Гевгелија кадешто се врши регистрација на мигрантите коишто во Северна Македонија влегуваат од Грција. Одговорните лица во Транзитниот центар го информираа претседателот Пендаровски дека центарот е целосно подготвен за прифаќање и привремен престој на мигранти. Во моментов во центарот престојува само едно семејство од Авганистан. Според одговорните лица, Транзитниот центар истовремено има и хуманитарен карактер, односно згрижува луѓе со социјално загрозен статус. Во центарот во континуитет се присутни претставници на Црвениот Крст, УНХЦР и доктори коишто им пружаат неопходна помош и поддршка на лицата коишто се привремено сместени тука.

На јужната граница, односно на граничниот премин помеѓу Северна Македонија и Грција претседателот Пендаровски ја посети и точката 59. Во последниот мигрантски бран во 2015 и 2016 година на ова место покрај железничката пруга, беше најголемиот наплив на бегалци.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....

Прес-конференција на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен: Австрија е докажан пријател на регионот

Прес-конференција на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен: Австрија е докажан пријател на регионот

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен на Република Северна Македонија, претседателите Пендаровски и Ван дер Белен одржаа заедничка прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на...

Церемонија со највисоки државни и воени почести – претседателот Пендаровски го пречека сојузниот претседател на Австрија, Александер Ван дер Белен

Церемонија со највисоки државни и воени почести – претседателот Пендаровски го пречека сојузниот претседател на Австрија, Александер Ван дер Белен

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој во придружба на неговата сопруга, Дорис Шмидауер, престојува во официјална посета на...