Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Босна и Херцеговина и на Малезија во Република Северна Македонија

20 ноември 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Босна и Херцеговина и на Малезија во Република Северна Македонија.

Истакнувајќи дека Босна и Херцеговина и Северна Македонија се две пријателски земји кои ги поврзува заедничка визија за мир, стабилност, благосостојба и економски просперитет, претседателот Пендаровски на церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на новоименуваниот амбасадор на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија, Драган Јаќимовиќ, нагласи дека европските и евроатлантските перспективи на двете земји се во насока на градење на силен и стабилен регион.

Амбасадорот Јаќимовиќ изрази задоволство од досегашните одлични билатерални односи меѓу двете земји кои се карактеризираат без отворени прашања што претставува основа за натамошно зацврстување на соработката во многу области од заеднички интерес, меѓу кои, се издвојуваат економската соработка, проширувањето на правната рамка преку потпишување на нови билатерални договори, како и унапредувањето на досегашната солидна меѓусебна поддршка.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Малезија во Република Северна Македонија, Чеонг Лун Лаи, претседателот Пендаровски ги истакна заедничките заложби на двете земји за негување на успешни и пријателски односи, како и за интензивирање на билатералната соработка во повеќе области од взаемен интерес. Во таа насока, претседателот Пендаровски го изрази интересот за унапредување и фокусирање на развојот на соработката во областа на економијата, јакнење на трговската размена и зголемување на интересот кај малезиските компании и инвеститори за поголемо и директно присуство во нашата држава.

Амбасадорот Лаи нагласи дека Малезија и Северна Македонија се пријателски земји со позитивен и постојан напредок на економските сектори придавајќи големо значење за понатамошно збогатување на севкупните билатерални односи oсобено во областа на прехранбената индустрија, туризмот и културната размена со цел поголем економски просперитет за народите на двете земји.

Претседателот Пендаровски на новоименуваните амбасадори им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател  на организацијата, Брајан Шихан

Средба со преставници на Лајонс дистрикт 132 – Северна Македонија и меѓународниот претседател на организацијата, Брајан Шихан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Брајан Шихан, претседател на Меѓународната асоцијација на Лајонс клубови и претставници на Лајонс дистрикт 132 Северна Македонија, по повод 25-годишнината од нивната работа во нашата држава. [gallery...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...