Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Куба и на Арапската Република Египет

11 март 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Куба и на Арапската Република Египет.

На церемонијата на предавање на акредитиви од страна на Каридад Јамира Кието Милиан, новоименувана амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, претседателот Пендаровски истакна дека постои заемен интерес и значителен потенцијал за уште посеопфатна соработка, како и за содржински квалитетно развивање и натамошно унапредување на меѓусебните односи во интерес и за доброто на двата пријателски народи.

Амбасадорката Милиан ја изрази  целосната посветеност и подготвеност на Куба за натамошно зајакнување на политичкиот дијалог со Северна Македонија, за развој на билатералните односи на различни полиња и за поттикнување на економските и трговските врски меѓу двете држави.

Истакнувајќи дека Северна Македонија и Египет ги поврзува долга традиција на пријателство и заемно уважување, претседателот Пендаровски на  предавањето на акредитиви од страна на Калид Ибрахим Емара, новоименуван амбасадор на Арапската Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, нагласи дека постои интерес за унапредување и за фокусирање на развојот на односите во сферата на економијата, трговската размена, како и културата, образованието, науката и технологијата.

Амбасадорот Емара рече дека двете земји и двата народи имаат долгогодишна традиција на пријателство која се темели на споделените искуства и вредности подвлекувајќи дека во наредниот период, негова мисија ќе биде продлабочување на одличната соработка во многу области од заемен интерес и истражување на нови области на меѓусебна соработка кои ќе бидат во корист на двата народи.

Претседателот Пендаровски на новоименуваните амбасадори им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на вториот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, што се одржа викендов во Охрид. Пред учесниците на годинешната Школа за политики, претседателот Пендаровски...

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...