Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Романија

2 февруари 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на Адела Моника Аксинте, новоименувана вонредна и ополномоштена амбасадорка на Романија за Република Северна Македонија.

Посакувајќи и добредојде на амбасадорката Моника Аксинте, претседателот Пендаровски на церемонијата на предавање на акредитиви ги истакна пријателските односи меѓу двете земји кои се карактеризираат со отворен дијалог и со заемни заложби за нивно збогатување во сите области од заеднички интерес.

„Сакам посебно да ја истакнам соработката и размената на искуства како држави сојузнички во рамките на НАТО, но и континуираната и принципиелна поддршка и помош од Романија во сферата на европските интеграции на мојата земја. Во таа смисла очекувам дека Северна Македонија, конечно, и формално ќе ги започне преговорите за полноправно членство во Европската Унија со одржување на првата Меѓувладина конференција“, рече претседателот Пендаровски, потенцирајќи дека и во следниот период сметаме на јасната и недвосмислена поддршка од Романија, како пријател, сојузник и стратешки партнер на нашиот регион, но и промотор и лобист на Северна Македонија во овој процес.

Нагласувајќи го високиот степен на развој на динамичните билатерални односи кој се потврдува и со блиската соработка за време на здравствената криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19 и во справувањето со последиците од истата, претседателот Пендаровски упати благодарност за помошта која романската влада ја даде на нашиот здравствен систем, притоа изразувајќи очекување дека во иднина ќе се интензивира и економската соработка меѓу двете држави, како и соработката во областа на образованието, науката, истражувањето и иновациите.

„Уверен сум дека за време на Вашиот мандат, позитивниот тренд на соработка ќе продолжи да се динамизира преку конструктивен политички дијалог на највисоко ниво. Во таа насока, сакам да упатам покана до мојот почитуван колега, претседателот Клаус Јоханис за посета на Република Северна Македонија во блиска иднина. Ќе ми претставува чест и задоволство да бидам негов домаќин“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот се осврна и на почитувањето и унапредувањето на третманот и статусот на македонската заедница во Романија и на романската заедница во Северна Македонија, кои како што нагласи, се мост на поврзување меѓу двете земји, со јасно изразени заемни заложби за негување, унапредување и натамошно збогатување на соработката на овој план.

Амбасадорката Моника Аксинте во своето обраќање истакна дека поддршката на Романија за процесот на проширување на ЕУ е цврста и постојана, вклучително и за време на нивното претседателство со Советот на ЕУ. Изразувајќи жалење што очекуваниот консензус за усвојување на преговарачката рамка се уште не може да се постигне, романската амбасадорка истакна дека државата продолжува да ги поддржува заедничките напори за идентификување на потребниот консензус за да се забрза процесот.

„Од оваа перспектива, Романија го поздравува реафирмирањето на заложбата на Република Северна Македонија за напредок на европскиот пат на земјата како и одлучноста за спроведување на потребните реформи бидејќи не постои друга алтернатива за европската интеграција. Во целост сметајте на поддршката на Романија во овој потфат“, рече амбасадорката Моника Аксинте.

Во контекст на формалното членство на нашата држава во НАТО, амбасадорката Моника Аксинте го поздрави тоа што Република Северна Македонија континуирано го дава својот придонес во мировните мисии и операции, со што како што нагласи, е доверлив учесник во обезбедувањето на стабилност во регионалното и глобалното безбедносно опкружување.

„Особено би го ценеле учеството на Република Северна Македонија во рамките на структурите на НАТО присутни во Романија, како што е романската бригада во иницијативата за одговор на НАТО, со што би се испратил јасен сигнал за подготвеноста за вклучување во безбедноста на регионот на Црното Море“, истакна романската амбасадорка, поздравувајќи го договорот нашата држава да претседава со ОБСЕ во 2023 година.

Амбасадорката истакна дека Романија особено го цени напредокот на Република Северна Македонија во градењето на автентично мултиетничко и мултикултурно општество, изразувајќи подготвеност за соработка за заштита на културниот и јазичниот идентитет на нашите малцинства.

Посакувајќи и успех во вршењето на одговорната функција, претседателот Пендаровски истакна дека амбасадорката Моника Аксинте ќе ја има нашата целосна поддршка и соработка.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше и се обрати на панел дискусијата „Здравјето не е само физичко -Ти ја имаш силата“ што се одржа во организација на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Во своето...

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

 Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција од адолесцентна бременост“ што се одржа во Eвропска куќа, Скопје. ...

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на приемот, што по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, се одржа вчеравечер во Скопје. Претседателот Пендаровски оцени дека...