Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваните амбасадори на Бангладеш, Обединетите Арапски Емирати и Индонезија

9 април 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари разговор преку видео-врска  со новоименуваните амбасадори на Народна Република Бангладеш, Обединетите Арапски Емирати и Република Индонезија во Република Северна Македонија, по повод предавањето на акредитивните писма кои, поради пандемијата на Ковид-19, ги доставија по писмен пат.

Во разговорот со новоименуваниот амбасадор на Народна Република Бангладеш, Мд. Дауд Али, претседателот Пендаровски упати честитки по повод 50 годишнината од независноста на Бангладеш и посочи дека и покрај географската оддалеченост двете земји негуваат традиционално пријателски односи. Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија е подготвена за интензивирање и јакнење на соработката со сите земји од Јужна Азија во областите од взаемна корист и интерес.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Обединетите Арапски Емирати, Омар Обаид Мохамед Алхесан Алшамси, претседателот Пендаровски  посочи дека инвестициските проекти на ОАЕ во регионот позитивно влијаат на економскиот раст и изрази благодарност за помошта од ОАЕ во справување со пандемијата на Ковид -19. Како партнерска земја на НАТО, претседателот Пендаровски изрази подготвеност за унапредување на соработката во сферата на безбедноста со Обединетите Арапски Емирати, и ја поздрави нивната конструктивна улога во обезбедувањето на стабилноста на Блискиот Исток. Во годината кога се одбележуваат 25 години од воспоставувањето на  дипломатските односи, соговорниците изразија очекување дека одличното ниво на дијалог ќе продолжи со иста динамика и во иднина.

Во разговорот со новоименуваниот амбасадор на Република Индонезија, Иван Богананта, претседателот Пендаровски изрази задоволство од билатералните односи засновани на меѓусебно разбирање и пријателство, и изрази интерес за натамошен развој на политичкиот дијалог и унапредување на економската соработка преку инвестициските можности. На средбата беше истакната подготвеност  и  за продолжување на одличната соработка на меѓународен план, особено во рамки на Обединетите Нации. Етничката и културната разновидност, негувањето на толеранција и меѓурелигискиот дијалог, посочи претседателот Пендаровски,  се вредности кои ги споделуваат двете земји и кои претставуваат основа за унапредување на меѓусебните контакти и размена на искуства.

На новоименуваните амбасадори претседателот Пендаровски им посака успешно извршување на должноста и изрази очекување дека нивното дипломатско искуство ќе придонесе за унапредување на билатералните односи и меѓусебната соработка.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...