Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Србија, Невена Јовановиќ

9 јуни 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Невена Јовановиќ, новоименуваната амбасадорка на Република Србија во Република Северна Македонија.

На церемонијата на предавање на акредитивни писма, претседателот Пендаровски истакна дека двете пријателски земји и двата народа ги поврзува долгогодишно традиционално пријателство, блиски културни врски и интензивна соработка во многу сфери од заеднички интерес.

„Високиот степен на развој на динамичните билатерални односи се потврди и со блиската соработка за време на хуманитарната криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19 и справувањето со последиците од истата“, рече претседателот Пендаровски и додаде дека очекува соработката меѓу двете земји и натаму да се интензивира.

„Во иднина очекувам двете пријателски држави да ги искористат сите потенцијали и приоритет да стават на соработката на конкретни билатерални и регионални проекти, во економијата и трговската размена, инвестициите, инфраструктурното, енергетското поврзување, како и во сите други области од заемен интерес меѓу кои, секако, би ги издвоил културата и образованието, прашањата од значење за одржливиот развој на регионот како интерконективноста, мобилноста и адресирање на горливите прашања на младите“, додаде претседателот Пендаровски.

Оценувајќи дека продолжувањето на редовниот политички дијалог и меѓусебните консултации се целосно во функција на надградба и на продлабочување на добрососедските односи, претседателот Пендаровски го истакна и почитувањето и унапредувањето на третманот и статусот на македонската заедница во Република Србија и на српската заедница во Северна Македонија.

„Тие се мост на поврзување меѓу нашите две земји. Ја давам мојата целосна поддршка за отворање на културните центри во Белград и во Скопје и се надевам дека владите на двете држави ќе го реализираат овој проект во текот на оваа година“, заклучи претседателот Пендаровски.

Истакнувајќи дека односите меѓу двете земји одат во нагорна линија и придонесуваат за стабилност на целиот регион, амбасадорката Јовановиќ рече дека Србија посветува големо внимание на односите со Северна Македонија, како еден од најблиските соседи и е длабоко заинтересирана за нивно натамошно унапредување во сите области.

„Република Србија ја поддржува пријателска Северна Македонија и во нејзините европски аспирации имајќи го предвид фактот дека на целиот наш регион местото му е во Европската Унија, како простор на кој географски, историски и културно му припаѓаме“, рече амбасадорката Јовановиќ на церемонијата на предавање на акредитивни писма.

Претседателот Пендаровски на новоименуваната амбасадорка на Србија во Северна Македонија, Невена Јовановиќ ѝ посака успех во вршењето на одговорната дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили. Во обраќањето на свечената церемонија претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорoт со...

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на 26-та Конференција на началници на генералштабови на земјите членки и набљудувачи на САД-Јадранската повелба, што се одржува во Скопје. [gallery...

Средба на претседателот Пендаровски со словенечкиот министер за одбрана, Шарeц

Средба на претседателот Пендаровски со словенечкиот министер за одбрана, Шарeц

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена заедничката заложба за интензивирање на билатералната соработка во областа на...

Интервју на претседателот Пендаровски за TRT World

Интервју на претседателот Пендаровски за TRT World

Во интервју за TRT World, реализирано за време на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, претседателот Пендаровски говори за надминувањето на разликите за името и влезот на државата во НАТО, апсирациите за членство во Европската Унија и војната во...