Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Швајцарија, Вероник Улман Марти

8 октомври 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Вероник Улман Марти, новоименуваната амбасадорка на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија.

На церемонијата на предавање на акредитивите, претседателот Пендаровски истакна дека двете земји ги поврзува традиционално и искрено пријателство засновано на соработка и меѓусебно почитување. Во Швајцарската Конфедерација, како што потенцираше претседателот Пендаровски, Северна Македонија гледа голем и искрен сојузник во процесот на остварување на надворешнополитичките приоритети на земјата.

„Би сакал во идниот период да ги искористиме сите можности за натамошен развој на економските односи, имајќи го предвид потенцијалот на двете држави“, додаде претседателот Пендаровски.

Истовремено, претседателот Пендаровски подвлече дека еден од најважните сегменти на билатералните односи се иселениците од Република Северна Македонија во Швајцарија. Претседателот Пендаровски нагласи и дека за нашата земја е значајно што Швајцарската Конфедерација демонстрира јасна подготвеност за поддршка на демократскиот развој на Република Северна Македонија.

„Швајцарската развојна програма преточена во новата Стратегија за Северна Македонија за периодот 2021 – 2024 година со која ќе бидат алоцирани 65 милиони швајцарски франци во областите на демократско управување, вработување и економски развој, инфраструктура и животна средина, претставуваат значаен придонес и поттик за развој на општините и институциите во државата“, заклучи претседателот Пендаровски.

Истакнувајќи дека односите на двете земји се одлични, амбасадорката Улман Марти истакна дека истите се интензивираат од воспоставувањето на дипломатски односи во 1994 година и отворањето на Швајцарската амбасада во 2000 година. Амбасадорката Улман Марти нагласи дека клучен елемент во билатералните односи е швајцарската програма за билатерална соработка.

„Новата програма за соработка беше одобрена на почетокот на оваа година. Истата се фокусира на инклузивно демократско владеење, вработување и одржлив економски развој, како и на животна средина и одржливи јавни претпријатија“, додаде амбасадорката Улман Марти.

Претседателот Пендаровски на новоименуваната амбасадорка на Швајцарската Конфедерација во Северна Македонија, Вероник Улман Марти ѝ посака успех во вршењето на одговорната дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до...

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше и се обрати на панел дискусијата „Здравјето не е само физичко -Ти ја имаш силата“ што се одржа во организација на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Во своето...

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

 Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција од адолесцентна бременост“ што се одржа во Eвропска куќа, Скопје. ...

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...