Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Шпанија и на Република Кореја

21 октомври 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Шпанија и на Република Кореја во Република Северна Македонија.

 

На церемонијата на предавање на акредитивни писма од страна на Хосе Луис Лосано Гарсија, новоименуван амбасадор на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски истакна дека двете земји ги поврзува традиционално и искрено пријателство. Во тој контекст, претседателот Пендаровски рече дека Кралството Шпанија е важен сојузник и партнер на Северна Македонија.

„Пред нас е период на заедничко дефинирање и координирање на активностите, имајќи го предвид нашето претседавање со ОБСЕ во 2023 и Претседателството на Шпанија со Советот на ЕУ во втората половина на 2023“, рече претседателот Пендаровски.

На церемонијата претседателот Пендаровски додаде дека како земја ја цениме инволвираноста на Кралството Шпанија во критичните моменти од нашата историја, потенцирајќи ги напорите на шпанскиот Парламент за ратификација на Пристапниот протокол на нашата држава во НАТО во услови на политичка и здравствена криза.

„Благодарност и за досегашната поддршка на Кралството Шпанија во однос на започнувањето на пристапните преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ. Верувам дека натамошната блокада поставена од една од земјите членки на Унијата не е од интерес на никого и убеден сум дека почетокот на преговорите, не само што ќе придонесе за натамошно стабилизирање на состојбите на Западен Балкан, туку нам, како држава, ќе ни овозможи побрзо и поефикасно имплементирање на неопходните реформи, особено во сферата на борбата со организираниот криминал и високата корупција“, подвлече претседателот Пендаровски.

Амбасадорот Гарсија истакна дека како партнери во НАТО двете земји ги зајакнале и ги збогатиле меѓусебните односи додавајќи дека Шпанија и Северна Македонија припаѓаат на истото европско семејство.

 

„Нашата взаемна сила како земји партнери во НАТО ни овозможува платформа преку која можеме да ги зајакнеме пријателските врски, но исто така претставува импулс за час поскоро да стане реалност заедничкото членство во Европската Унија. Шпанија, како што и досега беше случај, нема да ги штеди напорите за таа цел да биде остварена“, рече амбасадорот Гарсија.

На церемонијата на предавање на акредитивите од страна на Ли Хо-шик, новоименуван амбасадор на Република Кореја со седиште во Софија, претседателот Пендаровски нагласи дека по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави во 2019 година, постојат бројни можности за збогатување на соработката, како и за меѓусебно запознавање со богатото културно и историско наследство на двата народа.

„Впрочем, во градењето на нашите односи како фундамент ги имаме заедничките вредности како мултилатерализмот, почитување на човековите права, зачувување на животната средина и демократијата, со силен фокус на интегралниот човечки развој“, рече претседателот Пендаровски.

Во таа насока, на средбата двајцата соговорници изразија интерес за унапредување на билатералната соработка во областа на економијата, земјоделството, културата, образованието и спортот.

Претседателот Пендаровски на новоименуваните амбасадори на Кралството Шпанија, Хосе Луис Лосано Гарсија и на Република Кореја, Ли Хо-шик, им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...