Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваните амбасадори на Шри Ланка и Израел

29 ноември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Демократската Социјалистичка Република Шри Ланка и Државата Израел во Република Северна Македонија.

На церемонијата на предавање на акредитиви од страна на новоименуваната амбасадорка на Демократската Социјалистичка Република Шри Ланка со седиште во Берлин, Манори Анамбуви, претседателот Пендаровски истакна дека двете држави во изминатите две децении ја потврдија желбата за градење меѓусебни односи базирани на разбирање и почит додавајќи дека постои силна желба, заеднички интерес и солиден потенцијал за успешен развој на меѓусебните односи и унапредување на дијалогот, како и за сеопфатен развој на соработката, особено на економски план и инвестициите.

„Во таа насока искрено се надевам дека и Вие, преку Вашиот иден професионален ангажман, значително ќе придонесете кон зајакнување на соработката во сите сфери од заемен интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план“, рече претседателот Пендаровски.

Амбасадорката Анамбуви нагласи дека како земја во развој со среден приход, Шри Ланка останува отворена за меѓународна трговија, нудејќи пријателска атмосфера за инвеститорите и поттикнувајќи странски директни инвестиции насочени кон постигнување поголема интеграција во светската економија истакнувајќи дека оваа перспектива ќе отвори многу можности за блиска соработка меѓу нашите две земји.

„Уверена сум дека со заедничките напори на нашите две влади и нејзините народи, ќе успееме да ги доведеме односите меѓу Шри Ланка и Северна Македонија на нови височини во наредните години“, истакна амбасадорката Анамбуви.

На церемонијата на предавање на акредитиви од страна на Симона Франкел, новоименувана амбасадорка на Државата Израел со седиште во Ерусалим, претседателот Пендаровски нагласи дека двете земји ги поврзува традиционално и отворено пријателство, втемелено врз 26-годишно успешно развивање на меѓусебните дипломатски односи преточени во плодна и разновидна соработка, меѓусебно почитување и отворен пристап додавајќи дека ваквата определба претставува уште еден мост во градењето поцврсти пријателски односи помеѓу нашите две земји и народи.

„Несомнено, во развојот на нашите односи сите овие години е значаен придонесот на Еврејската заедница во нашата држава, како и потомците на Евреите од Македонија кои денес живеат и работат во Државата Израел“, рече претседателот Пендаровски.

Амбасадорката Франкел истакна дека од воспоставувањето на дипломатски односи до денес, двете држави градат нови и модерни односи за заемна корист на нивните народи, градејќи ги истите на темелите на заедничкото минато и гледајќи напред кон иднината.

„Посветена сум да работам за зајакнување на нашето партнерство сеопфатно, од иновации до земјоделство, од култура до туризам и од пожарникарство до здравствен сектор“, рече амбасадорката Франкел и додаде дека со нетрпение чека да започне соработката при што ќе има можност да ја истражува нашата земја и да го запознае мозаикот од луѓе на Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски на новоименуваните амбасадори на Демократската Социјалистичка Република Шри Ланка, Манори Анамбуви и на Државата Израел, Симона Франкел им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Обраќање на претседателот Пендаровски по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука -  22 ноември и 115. годишнината од одржувањето на конгресот во Битола, каде беа поставени темелите за стандардизација на албанскиот јазик. [gallery...