Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин

15 септември 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Џеин.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски истакна дека двете земји во континуитет градат партнерски односи, кои се рефлектираат не само преку високото ниво на политички дијалог, туку и преку соработката во областите од заемен интерес.

Изразувајќи благодарност за конзистентната поддршка од Кралството Шведска за македонските евроинтеграции, претседателот Пендаровски истакна дека отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија е од клучно значење за забрзување на реформската агенда во земјава.

„Кралството Шведска ќе претседава со Советот на Европската Унија во првата половина на 2023 година и убеден сум дека поддршката за интеграцијата на Република Северна Македонија ќе продолжи со несмалено темпо“, истакна претседателот Пендаровски.

Амбасадорката Ларсон Џеин истакна дека билатералната соработка се одвива на задоволително ниво во многу области од заеднички интерес, како што се демократијата, родовата еднаквост и животната средина.

Новоименуваната амбасадорка изрази благодарност за брзата и силна поддршка на Северна Македонија за ратификување на протоколите за пристапување на Кралството Шведска во НАТО, како и за принципиелните позиции на Северна Македонија во контекст на демократијата и владеењето на правото на европскиот континент.

Претседателот Пендаровски на амбасадорката Ами Ларсон Џеин ѝ посака успешен мандат за време на нејзината значајна дипломатска мисија во земјава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...