Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Ерменија, Армен Једигариан

15 септември 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Ерменија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Армен Једигариан.

Претседателот Пендаровски на церемонијата на предавање на акредитивни писма истакна дека по воспоставувањето дипломатски односи меѓу Ерменија и Северна Македонија во 2019 година, потенцијалот да се развиваат и унапредуваат билатералните односи е значително зголемен.

Тој потенцираше дека именувањето на амбасадорот Једигариан на оваа одговорна должност се гледа како израз на заложбата на Република Ерменија за унапредување на билатералните односи во периодот што претстои. Претседателот Пендаровски изрази надеж дека амбасадорот со неговиот ангажман и професионално искуство ќе даде придонес во изнаоѓањето нови форми за содржинско збогатување на односите, особено во доменот на економијата, јакнењето на трговската размена, културата, образованието, науката, туризмот, технологијата, како и во сите други сфери од заеднички интерес.

Нагласувајќи дека му претставува особена чест и задоволство што е првиот амбасадор на Ерменија во Северна Македонија, амбасадорот Једигариан оддаде признание за улогата на малата, но динамична ерменска заедница во Северна Македонија, во зближувањето на двете држави и народи.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Армен Једигариан му посака успешно извршување на значајната дипломатска мисија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија се одржа дискусија на тема „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи? - лекции од Соединетите Американски Држави“, во организација на Претседателскиот центар за политичко...

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...