Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна Македонија

6 септември 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма од страна на Дирк Јан Коп, новоименуван амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.

На церемонијата на предавање акредитиви, претседателот Пендаровски изрази голема благодарност за конзистентната поддршка од пријателска Холандија која од осамостојувањето на нашата држава е една од најголемите донатори и силен поддржувач на интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО.

„Холандија континуирано ни помага во реформите на судството, владеење на правото и јавната администрација, но и заштитата од дискриминација на ранливите и маргинализираните групи во општеството, а со цел да изградиме силни и независни институции кои се столб на секоја европската демократија. Холандскиот “строг и фер” принцип се покажа како одлична формула за суштинска имплементација на реформската агенда и постигнување на европските стандарди во нашата земја“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот изрази надеж дека многу скоро, на почетокот на мандатот на холандскиот амбасадор, Република Северна Македонија ќе го прослави формалното членство во НАТО, а со Европската унија ќе ги започне преговорите за полноправно членство.

„Тоа би било праведно и заслужено признание за досегашните постигнувања и реформските напори на Северна Македонија“, рече претседателот Пендаровски и изрази очекување дека Холандија безрезервно ќе продолжи да и помага на Северна Македонија да се доближи чекор поблиску до европското семејство.

Амбасадорот Дирк Јан Коп истакна дека е почестен што е назначен како Амбасадор во нашата земја и рече дека Холандија е докажан пријател на Северна Македонија од нејзината независност, во добри и во тешки времиња, со директна помош таму каде што е потребна.

„Северна Македонија помина низ многу предизвици и постигна многу во изминатите 28 години од нејзината независност која ќе биде одбележана за само два дена. Пред многу кусо време, вашата земја успеа да се издигне од многу тешка политичка криза, да го реши прашањето за името кое траеше со децении и да стане наш сојузник во НАТО. „И сонцето е ѕвезда“ како што имам слушнато, и се надевам дека еден ден ќе свети во нашата Унија“, изјави амбасадорот Дирк Јан Коп.

Холандскиот амбасадор додаде дека како строг и правичен пријател, Холандија ќе продолжи да дава поддршка за Северна Македонија во спроведувањето на реформската агенда на Европската унија, особено кога станува збор за владеењето на правото и доброто владеење.

Претседателот Пендаровски на новоименуваниот амбасадор му посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...