Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во Република Северна Македонија

25 септември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма од страна на Георг Вуцас, новоименуван амбасадор на Република Австрија во Република Северна Македонија.

На церемонијата на предавање акредитиви, претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија и Република Австрија годинава прославуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, период во кој континуирано градат пријателски и партнерски односи во повеќе сфери од заеднички интерес. Билатералните односи успешно се развиваат, рече претседателот Пендаровски, за што говорат и бројните инвестиции на Австрија во нашата земја.

„Република Австрија е еден од најважните економски и трговски партнери на Република Северна Македонија, како и прв странски инвеститор во нашата земја со вкупни инвестиции од над 550 милиони евра. Токму присуството на бројните австриски компании на пазарот на Северна Македонија и честите бизнис-контакти, како и активностите на Македонско-австриската бизнис-асоцијација, дополнително придонесуваат за зближување на нашите држави и народи“, рече претседателот Пендаровски.

Заблагодарувајќи се за континуираната поддршка од Австрија во процесот на нашето пристапување кон Европската унија, претседателот Пендаровски изрази надеж дека во периодот што следи, ќе бидеме сведоци на ново поглавје во односите на Република Северна Македонија со Европската Унија преку скорешно отпочнување на преговорите за наше полноправно членство.

„Тоа би било праведно и заслужено признание за досегашната улога на Северна Македонија, како во креирањето на добрососедската политика во Југоисточна Европа, така и во европските интегративни процеси  во кои несебично даваме и ќе продолжиме да даваме свој придонес за надградбата на нашиот заеднички дом, Европа“, рече Претседателот.

Амбасадорот Вуцас истакнa дека е почестен што е назначен како амбасадор во нашата земја и изрази уверување дека ќе го даде својот придонес кон континуираното развивање и продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји. Посочувајќи дека Австрија е вистински пријател и ревносен поддржувач на членството на Северна Македонија во Европската унија, амбасадорот Вуцас изрази надеж дека во октомври Советот на министри за надворешни работи на ЕУ конечно ќе ја следи препораката на Европската комисија за отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија, како и со соседот Албанија.

Австрискиот амбасадор ја поздрави определбата и визијата на нашата Влада во изминатите години за воспоставување на добрососедски односи  на исток и на југ, како и  позитивниот развој на економијата преку цврстите напори за создавање на охрабрувачка деловна клима во Република Северна Македонија и изрази поддршка од Австрија за продолжување  на овој ветувачки пат на реформите.

Претседателот Пендаровски на новоименуваниот амбасадор му посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на вториот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, што се одржа викендов во Охрид. Пред учесниците на годинешната Школа за политики, претседателот Пендаровски...

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...