Претседателот Пендаровски го посети Армискиот Полигон „Криволак“

19 април 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во посета на Армискиот Полигон „Криволак“ каде беше информиран за активностите на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на припадниците на 15. Инженериски баталјон од Армијата на САД, во пресрет на почетокот на големата меѓународна вежба „Одлучен Удар-21“.

Претседателот Пендаровски изврши обиколка на дел од терените, како и сместувачките капацитети каде се предвидени активности на претстојната вежба „Одлучен Удар-21“ и беше запознаен со планот за подобрување на инфраструктурата и предвидените понатамошни проекти кои имаат цел да го промовираат „Криволак“ во современ воен тренинг центар на кој ќе можат да се одржуваат вежбовни операции според сите стандарди на НАТО. Претседателот Пендаровски направи увид и во градежните активности кои се реализираат со цел надградба и проширување на капацитетите за обука и вежбање на полигонот. Претседателот оцени дека Армијата на Република Северна Македонија како НАТО членка со претстојната вежба ќе има одлична можност да ја подобри интероперабилноста со другите земји учесници членки на НАТО.

За време на посетата, на претседателот Пендаровски му беа презентирани и планираните активности поврзани со првичното оценување на декларираниот лесен пешадиски баталјон, според НАТО стандардите „КРЕВАЛ“ кое претстои во текот на 2022 година. Претседателот Пендаровски изрази очекување дека успешно ќе бидат оценети борбените способности на овој баталјон, согласно највисоките НАТО стандарди и ќе биде сертифициран како борбено способен за изведување на операции на НАТО.

Претседателот Пендаровски беше запознаен и со фукционирањето на Ковид центарот во рамки на полигонот Криволак, кој е формиран за превентивно спречување на ширењето на Ковид-19, пред и за време на вежбата.

Вежбата „Одлучен удар-21“ ќе се одржи во периодот од 17.05.2021 до 02.06.2021 година на Армискиот Полигон „Криволак“. Околу 1.100 припадници на Армијата на Република Северна Македонија ќе учествуваат на вежбата, а покрај нив ќе учествуваат и армиите на САД со околу 300 припадници и на Република Грција и Република Бугарија со по околу 20 припадници.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Азербејџан, Камил Касијев

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Камил Касијев. На свечената церемонија на предавање...

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...