Претседателот Пендаровски го прими амбасадорот на Француската Република, Кристиан Тимоние

30 мај 2019 | Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Француската Република, Кристиан Тимоние.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, како и информации за актуелните состојби во двете држави, и за случувањата во регионот.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство од развојот на соработката меѓу двете држави, што се карактеризираат со пријателство и меѓусебна доверба. Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија во Француската Република гледа искрен пријател и сојузник во остварувањето на стратешките цели.

По вчерашното објавување на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2019 година, претседателот Пендаровски изрази очекување дека Европскиот совет,согласно препораката на Европската Комисија, ќе донесе одлука за почеток на пристапните преговори за членство.

За остварување на следниот чекор, одредување датум за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ ја очекуваме поддршката и од Француската Република, нагласи претседателот Пендаровски на средбата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...