Select Page

Претседателот Пендаровски го прими евроамбасадорот Дејвид Гир

18 јануари 2021 | Соопштенија, Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

На средбата беа разменети мислења и информации за европските перспективи на Република Северна Македонија, за можностите за отпочнување на пристапните преговори за членство во Европската Унија  и за текот на имплементацијата на реформите во насока на исполнување на европските стандарди.

„Целосната интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е суштинска гаранција за натамошен демократски развој, стабилност и просперитет на регионот. Ниедна земја членка на Унијата не смее преку поставување на ирационални барања да ја доведува во прашање европската иднина на нашиот народ“, посочи на средбата претседателот Пендаровски, додавајќи дека само преку дијалог и почитување на принципите и темелните вредности на Европската Унија и на меѓународното право, може да се надминат билатерални разлики и предизвици.

Република Северна Македонија останува силно посветена на политиката на добрососедство и регионална соработка, истакна претседателот Пендаровски, потенцирајќи  дека почетокот на преговорите за членство ќе претставува дополнителен поттик за забрзување на реформите.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните мерки и состојби во Европската Унија во насока на справување со пандемијата на Ковид-19, при што претседателот Пендаровски изрази благодарност за солидарноста и поддршката од ЕУ за здравствениот сектор, како и за финансискиот пакет со цел справување со социо – економските последици од пандемијата.

Претседателот Пендаровски учествуваше на дебатата „Одлив на мозоци и состојбата со демократијата во Европа“

Претседателот Пендаровски учествуваше на дебатата „Одлив на мозоци и состојбата со демократијата во Европа“

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на он-лајн дебата на тема „Одлив на мозоци и состојбата со демократијата во Европа“, во организација на Европската младинска мрежа за демократија, а во рамки на активностите на Претседателскиот центар за политичко...

Сопругата на претседателот, Ѓоргиевска: Сите заедно треба да работиме во подигање на свеста за борба против семејното и родово базирано насилство

Сопругата на претседателот, Ѓоргиевска: Сите заедно треба да работиме во подигање на свеста за борба против семејното и родово базирано насилство

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска го посети Центарот за згрижување на жртви на семејно насилство во Струмица. Во изминатиов период на пандемија со Ковид-19, поради рестриктивните мерки во однос на движењето и...

Пендаровски: Без долгорочни мерки за заштита неповратно ќе ги изгубиме водните ресурси

Пендаровски: Без долгорочни мерки за заштита неповратно ќе ги изгубиме водните ресурси

Севкупниот развој на државата во голема мера зависи од квантитетот и квалитетот на нашите водни ресурси. Доколку не превземеме долгорочни мерки за нивна заштита, многу лесно можеме неповратно да ги изгубиме, рече претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на...

Одбележан Денот на Ретки Болести со стручна дискусија на тема „Состојба и подобрување на здравствени и социјални услуги за лицата со ретки болести “

Одбележан Денот на Ретки Болести со стручна дискусија на тема „Состојба и подобрување на здравствени и социјални услуги за лицата со ретки болести “

 На иницијатива на сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска, а по повод Денот на ретки болести, денеска беше организирана стручна дискусија на тема „Состојба и подобрување на здравствени и социјални услуги за лицата со ретки болести“. [gallery...

Pin It on Pinterest