Претседателот Пендаровски: Да ги почитуваме препораките, да бидеме солидарни, смирени, рационални и одговорни

31 март 2020 | Соопштенија

Во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски попладнево се одржа седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, на која едногласно било заклучено дека, до сега, има адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу сите надлежни служби, стриктно спроведување на препораките на Светската здравствена организација и со мали исклучоци, има навистина одговорно однесување на нашите граѓани. 

„Советот заклучи дека ситуацијата останува сложена, а сите сценарија за идниот развој на настаните се оптоварени од главната непозната, а, таа е: колку долго ќе трае пандемијата“, рече претседателот Пендаровски, по завршување на седницата. 

Претседателот го нагласи и консензуалниот заклучок на присутните на седницата дека треба да им се оддаде признание на сите служби кои деноноќно работат на спречување на ширењето и справувањето со епидемијата. „Потребниот здравствен кадар, сили на полицијата и на армијата се мобилизирани, постои дневна координација и на централно и на локално ниво и сите расположиви ресурси и напори, во овој момент, се насочени кон справување со кризата“, истакна претседателот Пендаровски.  

На седницата на Советот, рече Претседателот, беа разгледувани различни аспекти и консеквенци од епидемијата. За здравствените аспекти информираше министерот за здравство, за безбедносните, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи и директорите на соодветните служби. За ангажманот на армијата во поддршка на полицијата реферираа министерката за одбрана и началникот на генералштабот. Министерот за надворешни работи информираше за враќањето на нашите државјани кои беа затекнати во други земји по затворањето на границите, а гувернерката на Народната Банка, за примената на Уредбата за олеснување на финансискиот товар на граѓаните и фирмите при плаќањето на кредитите, за финансиската стабилност на банките, за девизниот курс и состојбата со девизните резерви. Претставниците на економско-финансискиот тим на Владата и премиерот информираа за актуелната состојба со буџетот, сценаријата со различни проекции за следните квартали, како и за економскиот сет на мерки со кои се поддржува македонската економија. 

Претседателот потенцираше дека со спроведување на мерките за ограничено движење и затворање на границите директно страда економијата, со ваквиот крупен предизвик во овој сегмент се соочуваат и најразвиените земји. 

„Во оваа смисла ни претстои тежок период во кој ќе бидат потребни серија на мерки и одговорни одлуки со цел да се намалат, колку што може, штетите по националната економија. За таа цел, потребна е мобилизација на сите економски капацитети во државата и прибегнување кон најрадикални мерки само во крајна нужда и со определен временски рок“, рече претседателот Пендаровски, и притоа нагласи дека Советот за безбедност ќе продолжи да ја следи состојбата и работата на сите институции ангажирани во овој период, а до  истекот на вонредната состојба ќе свика најмалку уште една седница на Советот за пред нејзиното евентуалното продолжување да биде презентирана целокупната ситуација со сите витални параметри неопходни за носење на одлука“, рече Претседателот.   

Претседателот Пендаровски повика на почитување на препораките, на солидарност, смиреност, рационалност и одговорност на граѓаните, притоа изрази увереност дека со заеднички напори ќе ја победиме епидемијата.

 На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче, министерката за финансии, Нина Ангеловска и министерот за економија, Крешник Бектеши.

 

 

 

 

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...