Претседателот Пендаровски: Да им дадеме шанса, простор, време и ресурси на младите умови

28 февруари 2020 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска присуствуваше на презентацијата на развиени прототипови од студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE 2019), што се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Скопје.

Студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE 2019) е иницијатива на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ за демонстрација на иновативниот капацитет на студентите на УКИМ, а во презентацијата на прототиповите реализирана од седум тимови, учествуваа студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Архитектонскиот факултет, Економскиот факултет, Фармацевтскиот факултет, Филозофскиот факултет и од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање, истакнувајќи дека ретко се среќава ваква меѓуинституционална и меѓуфакултетска соработка, нагласи дека ваков интердисциплинарен пристап е попродуктивен. Порача дека на овој пионерски потфат треба да се угледаат и други универзитети од целата држава.

„Да им дадеме само шанса, простор, време и ресурси на овие млади умови и само треба да ги следиме, ништо повеќе од тоа“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот се осврна и на политиката на државата кон образованието и кон науката и оцени дека како држава недозволено малку одвојуваме за образованието, а уште полошо стоиме во однос на одвојувањето средства од буџетот наменети за истражување и развој.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...