Претседателот Пендаровски домаќин на полскиот претседател Анджеј Дуда

18 ноември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, на 18 и 19  ноември 2021 година ќе биде домаќин на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Претседателот Дуда, ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.

Во рамки на официјалната посета на Република Северна Македонија, претседателот Дуда ќе оствари средба со претседателот на Собранието Талат Џафери и со претседателот на Владата Зоран Заев.

  • Агенда на активности – петок, 19 ноември 2021 година

–         10:30 часот – Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести на  претседателот Анджеј Дуда  на платото пред Кабинетот на претседателот

–         10:50 часот – Тет-а-тет средба на претседателот Стево Пендаровски со претседателот Анджеј Дуда

–         11:10 часот – Пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и на Република Полска

–         12:10 часот – Заедничка прес-конференција на претседателот Стево Пендаровски и претседателот Анджеј Дуда, во Мозаик салата во Кабинетот на Претседателот.

Покануваме новинарски екипи во Кабинетот на претседателот во 9:40 часот.

НАПОМЕНА: Официјалната церемонија на пречек, пленарниот состанок и заедничката прес-конференција се отворени за сите медиуми.

Поради мерките за заштита од Ковид-19, инсерти од тет-а-тет средбата ќе бидат дистрибуирани од страна на Секторот за односи со јавност на Кабинетот на Претседателот.

–         12:50 часот – Полагање на венци од страна на претседателот Анджеј Дуда и претседателот Стево Пендаровски на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“.

Покануваме сниматели и фоторепортери во црквата Св. Спас“ во 12:30 часот.

–         13:15 часот – Обраќање на претседателот Анджеј Дуда и на претседателот Стево Пендаровски на отворањето на полско-македонскиот деловен форум, во хотел  Мериот

Покануваме медиумски екипи во хотел Мериот во 12:30 часот.

Забелешка: Фото и видео материјали ќе бидат дистрибуирани од активностите на двајцата претседатели од страна на Кабинетот на претседателот.

За сите дополнителни прашања и информации, претставниците на медиумите можат да се обратат на следните контакти:

Билјана Радева +389 76 45 55 45 [email protected] 

Катерина Цаневска +389 76 45 55 46 [email protected] 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЗНМ и на меѓународни новинарски и медиумски организации

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на ЗНМ и на меѓународни новинарски и медиумски организации

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Здружението на новинари на Македонија, како и претставници на неколку меѓународни новинарски и медиумски организации. На средбата се разговараше за прашања поврзани со слободата на изразување и независноста...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Ангола

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Ангола во Република Северна Македонија со седиште во Будимпешта, Жозе Филипе. На церемонијата на предавање на...

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Доделено признанието „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“, која традиционално е под покровителство на претседателот на...

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Отворен кабинет со ученици од САД на размена во земјава во рамки на програмата Yes abroad

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од САД кои се на размена во земјава како дел од програмата Yes abroad на Американски совети за меѓународно образование – Северна Македонија. [gallery...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој...