Претседателот Пендаровски до волонтерите: Вие сте пример како треба да бидеме солидарни и да помагаме

5 декември 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски по повод одбележувањето на 5 Декември-Меѓународниот ден на волонтерството, денеска разговараше со волонтери од различни региони и организации од Република Северна Македонија.

Во разговорот учествуваа волонтери од Црвениот крст, УНИЦЕФ, Сојузот на извидници на Македонија, Здружението САНО, како и студенти од Медицинскиот факултет и доктори волонтери кои помагаат во борбата против Ковид-19.

Претседателот Пендаровски истакна дека високо го цени нивниот севкупен волонтерски ангажман и нивната улога во поддршка на заедницата и ги охрабри волонтерите да продолжат со своите активности.

„Вие сте пример како треба да бидеме солидарни и да помагаме.  Имаме многу што да научиме од вас”, им порача на волонтерите претседателот Пендаровски, изразувајќи благодарност за сето време кое го одвојуваат да помагаат и придонесуваат за добросостојбата на нашето општество.

„Со вашиот доброволен придонес покажавте како може позитивно да се промени животот на луѓето околу вас и особено на оние на кои им е најпотребна помош”,  истакна претседателот во разговорот со волонтерите.

Волонтерите ги споделија своите искуства, потреби и предизвици со кои се соочуваат во ситуации на кризи, особено за време на пандемијата и ја истакнаа потребата за подигање на јавната свест и поддршка на волонтерството.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...