Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска присуствуваа на „Галичка свадба“

18 јули 2021 | Aктивности, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со сопругата, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваа на 47. издание на манифестација „Галичка свадба“, што се одржува под негово покровителство. За време на викендот, беа одржани  традиционалните свадбарски обичаи и адети кои изобилуваат со автентични носии, изворни песни и ора карактеристични за мијачкиот фолклор.

Честитајќи го склучувањето на бракот на годинашните младенци, Катерина Илиевска и Филип Бундовски, кој е по потекло од Галичник, претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска им подарија „галичка пафта“ со мотив од галичка носија и им посакаа долговечен и хармоничен заеднички живот исполнет со многу љубов, здравје и среќа.

Манифестацијата „Галичка свадба“  со своето опстојување придонесува да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочуваат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија изработена со филигрантска прецизност и точност на терзиите.

Oфицијалниот почеток на годинешната Галичка свадба беше означен вчера со поставување на свадбарското знаме и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот, a свеченоста заврши денеска со испраќањето на тајфата Мајовци.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...