Претседателот Пендаровски и УНИЦЕФ ја отпочнуваат иницијативата „Преосмисли ја иднината“

8 февруари 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски и Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ), денеска го најавија почетокот на новата заедничка иницијатива „Преосмисли ја иднината“, чија цел е на децата и на младите да им се даде простор да се вклучат во дефинирањето на визијата за иднината што ја сакаат за себе и за идните генерации.

Во наредните три месеци, младите поедноставно ќе имаат шанса за учество во консултации каде ќе дискутираат за прашања што им се важни, за своите најголеми предизвици и очекувања за иднината на земјата, а ќе добијат и простор да предложат решенија со кои визијата ќе се претвори во реалност.

„Денешната генерација на млади се соочува со голем број предизвици. Но, истовремено тие се најинформираната и најдигитализираната генерација во нашата историја која има уникатна прилика да направи нешто за својата иднина. Наша должност е да ги слушнеме нивните ставови, затоа што нивните идеи се важни. Да им помогнеме да бидат дел од процесите на креирање политики и носење на одлуки кои влијаат на нивната и иднината на сите нас“, истакна претседателот Стево Пендаровски.

Во земјата има близу 190.000 адолесценти на возраст од 12 до 19 години, а сепак малкумина од нив имаат можност да учествуваат во одлуките што го засегаат нивниот живот, нивната егзистенција и нивните заедници. Квалитетното образование, менталното здравје, спречување на насилството на интернет, климатската акција и вработувањето се меѓу главните приоритети на младите пред и за време на пандемијата со КОВИД-19. Оваа нова иницијатива се фокусира на подобра и поправедна иднина за секое дете и секој младинец во земјата во периодот по КОВИД-19.

„Она што го правиме за децата и младите, заедно со нив и во нивно име денес, ќе го одреди нивното утре. Ваквата заедничка иницијатива доаѓа во клучен момент и претставува ретка можност да се преосмисли иднината заедно со децата и младите. Преку иницијативата, младите ќе се оспособат да станат двигатели на промени за низа прашања, а нам ќе ни се овозможи да го искористиме огромниот потенцијал за иновација и трансформација што тие го нудат кога се поддржани со вистинските платформи и вештини, и кога имаат самодоверба да бидат лидери во својата земја“, изјави Патриција Ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ.

Младите се поканети да учествуваат во првата онлајн-анкета чија цел е да се утврдат предизвиците со кои се соочуваат, но и да се откријат нивните идеи и визии за иднината. Наодите од истражувањето ќе послужат како поткрепа за темите на работилниците во наредните месеци, а младите ќе бидат поканети да се приклучат преку отворен повик.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше и се обрати на панел дискусијата „Здравјето не е само физичко -Ти ја имаш силата“ што се одржа во организација на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Во своето...

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

 Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција од адолесцентна бременост“ што се одржа во Eвропска куќа, Скопје. ...

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на приемот, што по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, се одржа вчеравечер во Скопје. Претседателот Пендаровски оцени дека...