Претседателот Пендаровски на Денот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери

22 декември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

Со настанот се дава значење на постигнатите достигнувања преку доделување на годишни награди во знак на благодарност и почит за творештвото во градежништвото во земјава и пошироко на заслужен архитект и инженер во четири области: архитектура, градежништво, машинство и електротехника.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани членови на Комората на овластени архитекти и овластени инженери,

Почитувани гости,

Драги пријатели,

Чест ми е да бидам дел од денешното одбележување на денот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија.

По повеќе од деценија и половина постоење, со околу 3.700 активни членови, поделени во 12 професионални одделенија, Комората несомнено е еден од најзначајните двигатели на развојот на македонското инженерство и архитектура кои се пак едни од најзначајните професии во секоја развиена држава. Впрочем, токму инженерството, моторот на техничко-технолошкиот развој на секое општество, го движи човештвото напред и се справува со предизвиците кои се исправаат меѓу човекот и природата.

Инженерството има решенија за превенирање на климатските промени, без него човекот би бил апсолутно мал, немоќен и безначаен пред силите на природата. Во денешнинава полна со неизвесности и закани од секаков вид, инженерството ја има клучната улога во изнаоѓање на механизми за одржување на екосистемот од кој сме дел.

Обврска, на сите архитекти и инженери, пред се морална, е да ја стават својата професија во служба на безбедноста и здравјето на луѓето, заштита на животната средина, но и во функција на создавање на подобри услови за живеење.

Следењето во чекор на сите современи информатичко – технолошки иновации во светот е секако ваш врвен приоритет. Дигитализацијата на процесите во сите сфери на нашето живеење не е повеќе прашање на избор, туку реалност и предуслов за опстанок. Она што се нарекува Building Information Modeling, технологиите и сите софтверски алатки неопходни за дигитализација на процесите во инженерството, со сигурност се главните предизвици за вас кои веќе го детерминираат развојот и на архитектурата и на градежното инженерство.

Почитувани,

Во оваа прилика не можам, а да не ја истакнам улогата на комората како партнер со Инженерската институција на Македонија во доделувањето на Инженерскиот прстен, признание кое се доделува на најдобрите студенти на инженерските факултети. Чест ми е што доделувањето на ова престижно признание веќе со години е под покровителство на претседателот на државата.

Инженерскиот прстен го промовира инженерскиот подмладок како клучен фактор за подобра иднина. Во оваа прилика би го повторил она што секогаш им го порачувам на младите инженери како човек од друга професија – во вашите раце е иднината на светот, градете и создавајте, но, никогаш не заборавајте сето тоа да биде по мерка на човекот, за со тој развој да не се загубиме како хумани суштества, како човечки битија.

Би додал и една порака до членовите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, да останат посветени на својата професија, која е креатор на човековото опкружување и присутна во нашето секојдневие,  и да продолжат да придонесуваат за прогресот на нашата држава. Немам никакви дилеми дека вие сте компетитивни и минимум рамноправни со инженерите било каде во светот, затоа и верувам дека вашиот труд, вашите креации ќе ги надминуваат локалните и националните граници и понатаму, како и до сега.

На крајот од моето обраќање, а, имајќи предвид дека сме на прагот на новата 2024-та, да ви посакам добро здравје, радост и среќа и се разбира, мотивација да продолжите и понатаму со целосна посветеност, и висока професионалност да создавате за доброто на заедницата.

Ви благодарам.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Пендаровски ја посети компанијата ,,Везе Шари” и општина Пласница

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска во селото Требош, Општина Желино ја посети компанијата „Везе шари“. За време на посетата, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната работа на компанијата, која...

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Изјава на претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст на изјавата на претседателот Пендаровски. Почитувани медиуми, Почитувани граѓани, Благодарам за вашето присуство. Повод за...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер присуствуваше на завршниот настан „Иднината почнува дома“, на којшто беа доделени признанија на триесет и двајцата номинирани личности, кои со нивната индивидуална ангажираност придонеле како двигатели на позитивни промени во...

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Отворен Кабинет за претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“

Кабинетот на претседателот, денеска го посетија претставници на Mладински клуб на Турците и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Аеродром, Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет. [gallery...

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

Обраќање на сопругата на претседателот на панел дискусија по повод Денот на ретките болести

  Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на панел дискусија посветена на Денот на ретките болести во организација на Националната алијанса за ретки болести на Македонија – НАБРМ.   [gallery...