Претседателот Пендаровски на конференција „Подобрен капацитет за превенција на несреќи и управување со кризи на локално ниво“

25 март 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на конференцијата  „Подобрен капацитет за превенција на несреќи и управување со кризи на локално ниво“ која се одржа во рамки на проектот „Отпорни општини во време на криза“, спроведуван од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, а финансиски поддржан од Британската амбасада Скопје.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање, говорејќи за пандемијата на Ковид-19, нагласи дека изминатата година многу држави биле принудени да избираат меѓу ресурсите планирани за превенција од катастрофи, или за борба со климатските промени, да ги пренаменуваат за справување со последиците од пандемијата. Тој додаде дека пандемијата е стрес-тест не само за здравствениот систем, туку и за кризниот менаџмент, за системите за управување со кризи и заштита и спасување.

„Многу од нашите општини имаат проблеми со поплави, пожари, свлечишта, одрони и загадување. Знаеме дека кога и да се случи некоја непогода или катастрофа, први на удар се локалните заедници. Затоа, и први кои треба да реагираат се локалните власти и подрачните единици на надлежните институции“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот рече дека ова се сериозни предизвици и за многу поголеми и побогати држави, а дополнителен проблем за нас е фактот што, покрај ограничените човечки, материјално-технички и финансиски ресурси, ние се соочуваме и со хроничен недостаток на институционална координација и соработка. Претседателот Пендаровски потсети дека Европската комисија во последниот извештај за напредокот на Северна Македонија децидно побара подобрување на соработката и координацијата меѓу Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Тој подвлече дека ние сме една од ретките држави која се уште нема воспоставено рамка за закрепнување во рана и последователна фаза.
„Истражувањето на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ покажува дека ни недостасува системски пристап во намалувањето на ризиците од катастрофи. А тоа се должи и на погрешната перцепција за ризиците како просторно, временски и функционално изолирани феномени наместо како тесно поврзани меѓу себе“, рече Претседателот на конференцијата.

Претседателот Пендаровски порача дека нам ни е неопходен системски пристап во националните и локалните стратегии што ќе овозможи интегрирање на расположливите капацитети и ресурси на сите нивоа и дека е важно да постои политичка волја на централно и на локално ниво. Тој изрази уверување дека овој проект на Институтот за демократија, може да помогне во создавањето на отпорни заедници и општини и ги охрабри градоначалниците, членовите на општинските совети, директорите на подрачните единици во сите општини во државата да се приклучат кон овој потфат.

„Пандемијата е најгласниот аларм што треба да не поттикне што поскоро да ги завршиме овие задачи. Во таа насока неодамна иницирав и конференција и поширока дебата за подготовка на посебен закон за вонредна состојба со кој ќе бидат уредени сите правни празнини и дилеми со кои се соочивме организирајќи го системот во нестандардни околности“, нагласи претседателот Пендаровски.

Претседателот оцени дека со секое одлагање ќе биде се потешко да изградиме структурна отпорност и одговорност, а цената за тоа ќе ја плаќаат граѓаните.

Проектот „Отпорни општини во време на криза“ има за цел да ги засили капацитетите за управување со кризи на осум единици на локалната самоуправа во Северна Македонија и да исцрта процес за развој на стратегии за подготвеност и управување со кризи на другите единици на локалната самоуправа. Проектот се спроведува од септември 2020 до март 2022 година.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....