Претседателот Пендаровски на почетокот на проектот „Лице в лице со Претседателот“ во посета на општина Велес

23 септември 2019 | Лице в лице со претседателот, Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“, денеска ја посети општина Велес.

Претседателот Пендаровски на почетокот на посетата, заедно со градоначалникот Аце Коцевски, засади садници на опожарените места крај езерото Младост. Станува збор за површина од 409 хектари зафатена со пожар кон крајот на август. Во моментов, локацијата се расчистува и подготвува за пошумување.

Идејата на овој вид посети, како што истакна претседателот Пендаровски, e да се види лице в лице со граѓаните, во нивните домови, работни места, во институциите, да поразговара за нивните проблеми, како и за можноста да им помогне.

„Јас знам дека за многу од нивните проблеми немам директна надлежност, меѓутоа се разбира, можам да зборувам гласно, да ги предупредувам надлежните институции, и да апелираме тоа да оди побрзо. Бидејќи главната цел на нас политичарите е да го направиме животот полесен на граѓаните и мислам дека е добро што ние одиме кон нив и разговараме на дневна основа со граѓаните низ државата, а не чекаме тие да ни пишаат писмо“, истакна Претседателот.

Претседателот Пендаровски нагласи дека на овој начин ја дава и неговата поддршка на градоначалниците во извршувањето на нивните обврски.

„Се случува некојпат на градоначалниците гласот да не им стига до Скопје, до централната власт и ако има таква мискомуникација меѓу министерствата и некои од општинските власти, можам да помогнам“, рече претседателот Пендаровски, додавајќи дека тоа што тој како Претседател нема директна надлежност во решавањето на проблемите од локална природа, не го спречува да комуницира со општините и да настојува да помогне.

Претседателот Пендаровски го посети ООУ „Св. Кирил и Методиј“, едно од најстарите училишта во државата, основано во 1857 година, во кое учеле видни велешани, меѓу кои Рацин, Брашнаров, Прличко, Манасков. Во моментов е меѓу 10-те најдобри основни училишта во државата.

Во рамки на посетата на Велес, претседателот Пендаровски ја посети Територијалната противпожарна единица во Велес, каде одблиску се запозна со условите за работа. На средбата со командирот на единицата и пожарникарите беше констатирана потребата од инвестиција во човечки капитал и материјални средства. На средбата присуствуваше и пожарникарот, Нихат Бајрович, повреден при интервенција на пожар во Сопот во август.

„Генерално се согласувам дека состојбата со личната заштита и со опремата која ја користат овие единици не е на задоволително ниво, меѓутоа се прават напори во таа насока и јас се надевам и во Велес и во други места каде што тоа е неопходно ќе биде тоа видливо“, истакна претседателот Пендаровски, потенцирајќи ја важноста за овие проблеми да се зборува навремено, а не само кога се случуваат вакви немили настани.

За време на посетата на Велес, претседателот Пендаровски ја посети фабриката за прехранбени производи „Мирана“, каде се запозна со производствениот процес во фабриката. Пред сопствениците на компанијата, претседателот Пендаровски ги претстави своите заложби на економијата да и се даде приоритет.

Претседателот Пендаровски во Велес го посети семејството Богдановски, кои изработуваат виолини. Светозар Богданоски е сликар, самоук изработувач на виолини кој пред повеќе од три децении започнал да го изработува овој инструмент за потребите на неговиот син.

Во рамки на посетата на Велес, претседателот Пендаровски се сретна со претставници на граѓански организации, а ја посети и библиотеката „Гоце Делчев“, каде оствари средба со волонтерите од „Мировен Корпус“ кои помагаат на граѓани од Велес во изучување на англискиот јазик, како и со новинари од локалните медиуми.

Проектот „Лице в лице со Претседателот“ е инициран во изборната програма на претседателот Пендаровски. Целта е преку посети на населените места во Северна Македонија, претседателот Пендаровски да се сретне со што е можно повеќе граѓани, и одблиску да ги слушне проблемите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и идеи за нивно надминување.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од отворањето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Честитајќи ја годишнината, претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашниот развој на односите меѓу...

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Пендаровски се обрати на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Претседателот Стево Пендаровски се обрати пред учесниците на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ чиј домаќин е Народната банка на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање претседателот Пендаровски посочи дека овој форум на Иницијативата за...

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...