Претседателот Пендаровски на Преспа форум: Време е за ресетирање и напредок на државите од Западен Балкан

2 јули 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска учествуваше на меѓународната конференција „Преспа форум за дијалог“ и се обрати на пленарната сесија на високо ниво на тема: „Ресетирање на синергијата ЕУ-САД кон Западен Балкан“.

„Политичката волја за да се воспостави нова синергија не е воопшто прашање, но зборуваме за меѓународните интереси на инволвираните чинители – политичката волја на Брисел, на земјите членки на ЕУ, националните интереси на САД и се разбира, националните интереси на земјите во регионот од западната балканска шесторка“, рече Претседателот.

Претседателот ја посочи и потребата од поголемо партнерство и соработка.

„Нема да видиме синергија меѓу двата дела на трансатлантската заедница којашто е толку важна за нас, како во 90-те години. Тоа значи дека поголемиот дел од одговорноста ќе остане на рамењата на регионалните политички лидери. Познато е дека т.н. триаголник на успех за секој пробив во позитивна насока на Западниот Балкан секогаш бил Брисел-Вашингтон и регионалните главни градови“, рече Претседателот во обраќањето.

Претседателот, говорејќи за главните прашања коишто се случуваат во моментот, нагласи дека Европската Унија не е способна сама да предводи, а САД не би сакале да предводат сами, додека регионалните елити, истакна претседателот Пендаровски, не се заинтересирани и не би сакале да направат темелна промена во општествата.

„Конечниот резултат е дека Западниот Балкан, особено во минатата деценија заостанува во економска смисла зад Европската Унија и повеќе отколку во претходната деценија, а евидентен е и падот на сите демократски индикатори. Во демократска смисла, Западниот Балкан е поназад отколку што беше пред 15 или 10 години и Западниот Балкан има 18 милиони население на хартија, а во реалноста има 4 милиони помалку“, истакна претседателот Пендаровски.

Тој говореше за реформите и за среќата на луѓето којашто им недостасува во регионот и нивната желба да видат напредок во нивните општества.

„Би сакале да ги забавиме негативните процеси коишто предизвикуваат празнење на регионот, затоа што најпаметните, најмладата, најдинамичната сила го напушта регионот и во суштина ние нема да имаме никого кому ќе можеме да се ослониме во вистинскиот живот за да видиме вистински напредок на нашите економии. Затоа помогнете ни, помогнете им на луѓето коишто живеат во овој регион, време е за ресетирање“, порача претседателот Пендаровски во своето обраќање.

На пленарната сесија учествуваа претседателот на  Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, претседателот на Р. Словенија, Борут Пахор, помошник на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Филип Рикер, eврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан, францускиот сенатор Ален Ричард и генералниот секретар на заедницата на демократии, Томас Гарет.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Пендаровски го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде што оствари средба со Жан-Франсоа Хуше, претседател на ИНАЛКО и средба со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при...

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија“ во организација на ПЦПО

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје се одржа конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“. На отворањето на...

Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

Во Кабинетот на претседателот денеска сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска беше домаќин на консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна. На средбата присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска,...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата

Порака од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата

Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата – 20 Mарт, ја упати следната порака: Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на Франкофонијата. За Република Северна Македонија, членството во Меѓународната организација на Франкофонијата е...

Претседателот Пендаровски во посета на Париз по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

Претседателот Пендаровски во посета на Париз по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

Претседателот Стево Пендаровски од денеска престојува во работна посета на Француската Република, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов. Претседателот Пендаровски утре – 21 март 2023 година, вторник, во седиштето на...