Претседателот Пендаровски на средба со претставници на Советот на странски инвеститори

17 септември 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска се сретна со претставници на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.

Пред претставниците на Советот на странски инвеститори претседателот Пендаровски порача дека апсолутен приоритет за државата треба да биде економијата и дека во текот на неговиот мандат како Претседател ќе говори што е можно повеќе за економски прашања.

Претседателот Пендаровски рече очекува кон средината на следниот месец да добиеме датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, потенцирајќи дека без луѓе од еснафските здруженија не треба да се оди на преговори во Брисел.

Наскоро, посочи претседателот Пендаровски, стануваме членка на НАТО, а тоа значи зголемување на довербата кај инвеститорите, затоа што на нас како држава ќе гледаат како предвидлива дестинација за вложување.

Според Претседателот, важно е да имаме правна држава и владеење на правото.

Во врска со актуелниот случај Рекет, претседателот Пендаровски посочи дека и оваа афера, како и сите други, треба да се решат до крај, без било какви влијанија на политиката и на бизнисот.

„Многу е битно правосудниот, судскиот и обвинителскиот систем да имаат соодветна, навремена и целосна реакција и тие предмети да не се влечкаат со години и години по судските коридори, за на крајот да заборавиме во која фаза се воопшто. А да не кажам дека во изминативе безмалку 30 години откако сме независна држава, немаме ниту еден висок политички функционер кој завршил во затвор за злоупотреби. Тоа не зборува добро за нас, меѓутоа се надевам дека сега, тоа што е почнато ќе продолжи со тоа темпо и во таа насока ќе се заврши до крај. И низ таа призма ќе не ценат нашите пријатели во Брисел кога ќе проценуваат, не само дали треба да отпочнеме преговори, зборувам и за делот потоа, кога ќе проценуваат дали ги исполнуваме сите барања од најтешкото поглавје во кое се преговара во однос на ЕУ, а тоа е поглавјето 23“, рече претседателот Пендаровски.

На средбата со Советот на странски инвеститори, претседателот Пендаровски рече дека при секоја посета надвор од државата, барањата на стопанствениците ќе бидат соодветно претставени.

Побара од стопанствениците да бидат вклучени во секоја фаза од носењето на законски решенија од економската сфера, со цел да бидат донесени квалитетни закони.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...