Претседателот Пендаровски: Обединети стоиме во одбрана на македонскиот јазик

5 април 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на промоцијата на поштенска марка по повод јубилејот – 100 години од раѓањето на македонскиот великан, Блаже Конески, а во рамки на програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, која се одвива под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија. Поштенската марка е направена според портретот на Блаже Конески, во авторство на уметникот Димитар Кондовски.

Почитувана министерке за култура,

Почитуван директор на АД Пошта на Северна Македонија,

Почитуван претседател на Советот за македонски јазик,

Драги пријатели,

Имам особена чест и задоволство да ви се обратам на денешнава промоција на поштенската марка со ликот на Блаже Конески по повод големиот јубилеј – 100 години од неговото раѓање. Како покровител на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ би сакал да и се заблагодарам на АД Пошта на Северна Македонија, што се вклучи во активностите и програмските содржини, преку издавање на пригодна марка со ликот на Блаже Конески.

Денешната промоција се одвива на просторот од некогашната шалтер сала која во 2013 беше уништена од пожар. Оштетените ѕидови сѐ уште нѐ потсетуваат на грандиозното здание, проектирано од Јанко Константинов кое има голема архитектонска вредност не само кај нас, туку и пошироко. Тука беше и муралот на Борко Лазески, кој ја претставуваше македонската Герника, поради што објектот со право беше една од култните знаменитости на Скопје. Верувам дека како што го чествувавме великанот на македонската култура, литература и лингвистика, Блаже Конески така ќе го чуваме и останатото современо творештво кое претставува културно движно и недвижно наследство на нашата модерност, и дека во блиска иднина овој простор ќе го врати првобитниот лик.

Почитувани,

Пред неколку дена не напушти проф. д-р Трајко Стаматоски, еден од најблиските соработници на Блаже Конески. Стаматоски беше и еден од најревносните соборци на Конески во афирмацијата и промоцијата на македонскиот јазик. Впрочем токму на промоцијата на книгата на Трајко Стаматоски, „Борба за македонски литературен јазик“ во 1987, Блаже Конески ја искажа познатата и често цитирана мисла за јазикот како единствена комплетна татковина, односно најголемо приближување до идеалната татковина. Тогаш Конески го рече и следново: “И во моменти на раслојувања и колебања последно што треба да ни паѓа на ум е да ги поставуваме под прашање придобивките на нашата самостојна акција на јазичен план”.

За жал, и после децении од кодифицирањето на македонскиот јазик и неговото верифицирање од страна на светската лингвистичка наука, сведоци сме на негации и притисоци. Сепак, ме радува фактот што барем внатрешно немаме никакви колебања и што обединети стоиме во одбрана на македонскиот јазик. Впрочем негувањето и афирмацијата на македонскиот јазик не е само долг кон делото на академик Конески, туку и долг кон самите себеси, долг кон сите наши предци, долг кон идните генерации. Заштитата и негувањето на македонскиот јазик е  исто така и обврска не само кон оние чиј мајчин јазик е македонскиот, туку и кон сите оние кои го употребуваат како официјален во независна и самостојна Република Северна Македонија, но и кон сите лингвисти, слависти- македонисти кои го проучувале и изучувале. Кон сите преведувачи кои преведувале и преведуваат од или на македонски.

На крајот на краиштата тоа е долг кон науката, кон вистината и правдата.  Затоа во годината на Конески, но и во секоја следна, како општество, но и како поединци – обични граѓани или претставници на институции, да работиме сплотено и одговорно во афирмацијата и промоцијата на неговото дело.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили. Во обраќањето на свечената церемонија претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорoт со...

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Обраќање на претседателот Пендаровски на 26-та Конференција на САД-Јадранската Повелба

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на 26-та Конференција на началници на генералштабови на земјите членки и набљудувачи на САД-Јадранската повелба, што се одржува во Скопје. [gallery...

Средба на претседателот Пендаровски со словенечкиот министер за одбрана, Шарeц

Средба на претседателот Пендаровски со словенечкиот министер за одбрана, Шарeц

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена заедничката заложба за интензивирање на билатералната соработка во областа на...

Интервју на претседателот Пендаровски за TRT World

Интервју на претседателот Пендаровски за TRT World

Во интервју за TRT World, реализирано за време на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, претседателот Пендаровски говори за надминувањето на разликите за името и влезот на државата во НАТО, апсирациите за членство во Европската Унија и војната во...