Претседателот Пендаровски одликуваше 8 пожарникари со „Медал за храброст“ и додели „Повелба на Република Северна Македонија“ на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје

6 септември 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска, со „Медал за храброст“ одликуваше 8 припадници на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје. Медалот за храброст им се доделува за покажаната исклучителна храброст и пожртвуваност при извршувањето на задачите во справувањето со огнената стихија за време на пожарот во станбена зграда на ул. „Народни херои“, Општина Кисела Вода, при што придонеле за навремено извлекување на загрозените станари.

Во пресрет на Денот на независноста 8 септември, истакна претседателот Пендаровски, нивниот херојски чин е момент на обединување за сите нас како граѓани, честитајќи им за врвната професионалност и пожртвуваност.

Претседателот Пендаровски на денешната свеченост го врачи и признанието „Повелба на Република Северна Македонија“ на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, за посветено извршување на задачите при гаснење пожари на подрачјето на градот Скопје, отстранување на непосредната опасност за настанување на пожари, спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот, загрозени од пожари и од експлозии, и останати активности во согласност со делокругот на работа.

„Се надевам дека медалите и повелбата ќе бидат дополнителен мотив за понатамошна посветена работа и за професионално дејствување. Исто така верувам дека сево ова ќе биде и потсетување за значењето на противпожарните бригади и потребата од постојано инвестирање во современа опрема и модерни средства и алати неопходни за нивната работа, како и потребата од обука и тренинг на пожарникарите. Секако, ова се однесува за сите противпожарни бригади низ целата наша држава“, истакна претседателот Пендаровски, порачувајќи дека не треба да се штеди при набавката на опрема и секаде каде што е потребно да се зголеми бројот на пожарникари и да се инвестира во нивните вештини и знаења.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, во името на Бригадата и на сите колеги пожарникари упати благодарност до претседателот Пендаровски за одликувањето со „Медал за храброст“, и за признанието „Повелба на Република Северна Македонија“.

„Бригадата за противпожарна заштита во оваа година се соочи со повеќе сериозни и тешки интервенции во коишто одговоривме максимално професионално и со нашата посветеност кон работата не дозволивме поголеми несреќи и катастрофи“, рече Симоновски. Пожарот што се случи во јуни годинава, во седумкатница во Општина Кисела Вода, беше навремено изгаснат без загуба на човечки животи. Поради сериозни респираторни проблеми, на Универзитетската клиника за токсикологија беа хоспитализирани единаесет лица, од кои четворица пожарникари.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Започна официјалната посета: Претседателот Пендаровски го пречека германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер

Започна официјалната посета: Претседателот Пендаровски го пречека германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. [gallery...

Претседателот Пендаровски домаќин на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер

Претседателот Пендаровски домаќин на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер

Претседателот Стево Пендаровски на 29 и 30 ноември 2022 година ќе биде домаќин на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија. Претседателот Штајнмајер на...

Ѓоргиевска: Родовата еднаквост и економското зајакнување на жените – едни од клучните предуслови за одржлив и инклузивен развој на македонското општество и инклузија

Ѓоргиевска: Родовата еднаквост и економското зајакнување на жените – едни од клучните предуслови за одржлив и инклузивен развој на македонското општество и инклузија

  Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на тркалезната маса  „Женското претприемништво во Република Северна Македонија и неговата улога во даночниот систем“, во организација на Управата за јавни приходи. Настанот се одржува во рамки на...

Посета на дечиња од градинката „Мајски цвет“ во рамки на Отворен Кабинет

Посета на дечиња од градинката „Мајски цвет“ во рамки на Отворен Кабинет

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија дечиња од градинката „Мајски цвет“ од Скопје. Посетителите имаа можност да се сретнат со претседателот Пендаровски и да поразговараат за неговите...

Средба со учесници на 13-от конгрес на стоматолошки комори од регионот

Средба со учесници на 13-от конгрес на стоматолошки комори од регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Стоматолошката комора на Република Северна Македонија, како и партнерските комори, по повод 13-от конгрес на нови технологии. Делегацијата предводена од претседателот на Комората, д-р Маријан Денковски го...