Претседателот Пендаровски од дискусијата „Како да се вратиме дома? Младинска Република Северна Македонија“: Сите треба да им се извиниме на граѓаните бидејќи не направивме доволно, барем да ги ублажиме последиците од иселувањето на младите

20 декември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска учествуваше на панел дискусијата „Како да се вратиме дома? Младинска Република Северна Македонија“, која претставуваше завршна дискусија во рамки на проектот Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција, финансиран од ЕУ.

Истакнувајќи дека проблемот со иселувањето на младите е актуелен со години наназад, претседателот Пендаровски рече не е добро што државата изгуби премногу време без притоа да понуди соодветни програми и политики за намалување на тој тренд. Претседателот Пендаровски подвлече дека сите претходни и сите сегашни политичари и функционери носат вина за масовната миграција на младите.

„Барам тоа прашање да се тргне од меѓу партиските препукувања од дневната политичка агенда, комплетно барам да не биде дискутирано воопшто ако може, а нема да може за време на овие избори коишто доаѓаат или кампањата, бидејќи на тоа нема да добие никој поенти, бидејќи сите сме биле слаби во тој дел, од 90-та до денес. Сите треба да им се извиниме на македонските граѓани, што не се направило доволно, барем да ги ублажиме консеквенците“, потенцираше претседателот Пендаровски.

Осврнувајќи се на пописот во 2011-тата година, претседателот Пендаровски рече дека тој не успеал бидејќи тогашните политички лидери сфатиле дека голем дел од граѓаните од сите етнички заедници се иселени од земјата.

„Јас ви гарантирам уште од сега дека нема политичар во оваа држава кој не се плаши од бројките кои ќе ги види дента кога ќе ги објават. Според некакви вкрстувања на резултати, ние знаеме и сега колку не има. Многу малку не има. Сигурно половина милион помалку од бивша Југославија кога бевме“, додаде претседателот Пендаровски.

Дополнителен факт, којшто ги демотивира младите и ги тера да заминуваат во странство, како што потенцираше претседателот Пендаровски, е длабоката политизираност на општеството. Според истражување од 2004-тата година, на кое посочи претседателот Пендаровски, тогаш 338 илјади полнолетни граѓани биле членови на некоја политичка партија. Демотивирачки за младите, додаде претседателот Пендаровски е и фактот дека Северна Македонија не е правна држава на ниво на зрели европски демократии.

„Јас мислам дека треба, освен оваа дебата да се извлече од дневно партиски расправии, јас мислам дека ние треба на младите луѓе да им дадеме шанса да успеваат овде, со тоа што нема да им дадеме прво партиска книшка за вработување. Ако најдобрите во генерација велат мене не ме интересира политика, или не сакам да се бавам со политика, сакам да се бавам со ова за што сум учел, дајте ми шанса. Клучната мака се вика „клиентелизам“, односно ќе гласам за тебе, ако ме вработиш“, заклучи претседателот Пендаровски.

Во однос на плановите на Кабинетот на претседателот насочени кон младите, претседателот Пендаровски ги издвои проектите „МКД 2030“ и „Лице в лице со претседателот“. Во првиот, според претседателот Пендаровски, се вклучени околу 40 луѓе од кои половина се млади. МКД 2030 е еден предлог како треба да се развива нашата земја, Северна Македонија треба да фати чекор со развиените економии, бидејќи како што рече претседателот Пендаровски, еден од начините како да ги задржиме младите дома е преку зголемување на платите. Целта на проектот „Лице в лице со претседателот“ е претседателот Пендаровски одблизу да ги слушне проблемите на сите граѓани, и онаму каде што може да помогне.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Обраќање на претседателот Пендаровски на вториот модул на Школата за политики

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на вториот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, што се одржа викендов во Охрид. Пред учесниците на годинешната Школа за политики, претседателот Пендаровски...

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Отворен Кабинет за основци од 3 скопски училишта и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје

Кабинетот на претседателот Пендаровски, во рамки на Отворен Кабинет денеска го посетија основци од училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“, „Тихомир Милошевски”, „Гоце Делчев“, како и ученици – членови на здружението „Несил“ од Скопје, посветено на едукативни активности за...

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот со најмладите во рамки на фестивалот „Литера“

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2023“ што се одржува во Музејот на град Скопје. Во рамки на настанот, г-ѓа...

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Средба на претседателот Пендаровски со Ден Шехтман, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ден Шехтман, добитникот на Нобелова награда за хемија во 2011 година, кој престојува во посета на нашата држава во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Сојузот на хемичари и технолози на...

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Средба на претседателот Пендаровски со американскиот сенатор Крис Марфи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на...