Претседателот Пендаровски од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“: Научните аргументи и вистината се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

19 октомври 2020 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата  Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодинешната настан се одржува во чест на одбележувањето на 75 години од официјализирањето на современиот македонски јазик, азбука и правопис.

Истакнувајќи дека македонскиот јазик е стандардизиран веќе седум ипол децении, претседателот Пендаровски потенцираше дека за жал и денес  „сè уште сме предизвикани да го докажуваме ноторниот факт за неговата посебност и постоење“.

Почитуван ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, 
Почитувана  директорке на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, проф. д-р  Елена Јованова -Грујовска,  
Почитувани професори, 
Почитувани лингвисти,  
Уважени гости,
Дами и господа,

 Најпрво, дозволете ми да го честитам големиот јубилеј – 75 години од официјализирањето на современиот македонски јазик. Имено, на 5 мај 1945 година беше озаконета македонската азбука, а на 7 јуни беше издадена и првата читанка, буквар на македонски јазик.  Токму оваа значајна годишнина ја одбравте како тема на отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во кои покрај останатите содржини централно место зазема значајната меѓународна конференција со наслов „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)“.

Чинот на официјализирање и стандардизирањето на македонскиот јазик има своја долга предисторија во активностите и во делата на Ѓорѓија Пулевски, Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Партениј Зографски и на други бројни културни дејци од 19 век за да кулминира со дејноста на Мисирков. Затоа, и не случајно и Институтот за македонски јазик го носи неговото име. Секако, процесот немаше да биде завршен ако не беше Народно – ослободителната борба, ослободувањето од фашизмот и формирањето на македонската република како рамноправна федерална единица во тогашната Југославија.

Драги пријатели,

За жал и покрај тоа што поминаа 7 и пол децении од стандардизирањето на македонскиот јазик и откако неговото постоење, во меѓувреме, беше потврдено од светската лингвистичка наука, ние сè уште сме предизвикани да го докажуваме ноторниот факт за неговата посебност и постоење.

Интересно е дека негирањето не доаѓа од релевантни, светски лингвистички авторитети и институти кои за тоа прашање се имаат одамна произнесено, туку од одредени, најчесто политичко – академски кругови од нашето непосредно опкружување.

Без намера да ја оптоварувам денешната свеченост со дневнополитичка реторика, нешто што е директно спротивно на поводот за кој сме собрани, сакам само ќе нагласам дека научните аргументи и вистината се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже.

Заради нашите предци, поради нас самите, заради обврската да ја зачуваме нашата духовна татковина како што на времето се изрази за нашиот јазик големиот Блаже Конески. Токму Конески со своите капитални трудови меѓу кои Граматиката на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик постави цврсти темели за сите натамошни македонистички проучувања.

Почитувани професори и лингвисти,

 Надоврзувајќи се на неговото дело и почитувајќи ги тие длабоко ископани темели, Ве замолувам со уште поголема страст да продолжите со вашата научна работа и напори за проучување и афирмирање на македонскиот јазик.

Во оваа пригода би сакал гласно да ја реафирмирам потребата од засилена и континуирана поддршка на научните истражувања за македонскиот јазик и за македонските дијалекти. За таа цел, сите релевантни институции и фактори во државата, мора да се вложат себеси многу повеќе од порано.

Поради кратењата во буџетот кои поради пандемијата, годинава се алармантни, се намалуваат средствата предвидени за научни и образовни установи, со што се оневозможува научната работа и се стопираат научните проекти. Сакам јавно да повикам, да апелирам да се посвети особено внимание на овие прашања и покрај сериозната економска криза, да се изнајдат средства и да се поддржат сите научно- истражувачки проекти.

Убеден сум дека македонската наука има уште многу што да каже, впрочем, како и бројните слависти-македонисти низ светот.  Дозволете, со оваа мисла да го завршам денешново обраќање, да Ви  посакам успешна работа за време на Отворените денови  на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Ви благодарам.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Претседателот Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на САД по повод учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации, вчера попладне во Чикаго, како почесен гостин, присуствуваше и се обрати на донаторска вечера „Патишта кон просперитет“ во...

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски му го врачи одликувањето на генералниот...

Активности на г-а Елизабета Ѓоргиевска во рамки на учеството на претседателот на 78. Генерално Собрание на ОН

Активности на г-а Елизабета Ѓоргиевска во рамки на учеството на претседателот на 78. Генерално Собрание на ОН

Сопругата на претседателот г-а Елизабета Ѓоргиевска, која престојуваше во Њујорк во придружба на претседателот при неговото учество на 78. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации, оствари повеќе средби и активности. Г-а Ѓоргиевска оствари средба со Диен...

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Гласот на Америка

Интервју на претседателот Стево Пендаровски за Гласот на Америка

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, изјави дека од Русија зависи дали ќе има примирје во Украина. Тој посочи дека руската делегација се оглушува на сите барања на цивилизираниот и демократскиот свет.  ...

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O'Брајан, раководител на канцеларијата за координација на санкции...