Претседателот Пендаровски од конференцијата „Балкански дијалози“ во Берлин: И граѓаните во земјите од Западен Балкан заслужуваат да бидат дел од Европската унија

6 декември 2019 | Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска, во рамки на еднодневната работна посета на Сојузна Република Германија, учествуваше на конференцијата „Балкански дијалози“. Како еден од панелистите на конференцијата во Берлин претседателот Пендаровски говореше на тема „Проширување на ЕУ – неисполнето ветување – што сега?“.

Навраќајќи се на октомвриската одлука на Европската унија да не и даде датум за преговори на Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски потенцираше дека ЕУ не смее да ги изостави земјите од Западен Балкан бидејќи, како што рече, и граѓаните на тие држави заслужуваат подобри услови и поголем животен стандард.

„Би сакал да потсетам дека од шест земји во регионот, Црна Гора и Србија веќе со години, односно предолго преговараат, две земји односно Северна Македонија и Албанија, со години наназад чекаат да добијат датум за почеток на преговорите, а останатите две, Босна и Херцеговина и Косово, воопшто никој не ги споменува“, рече претседателот Пендаровски.

Во таа насока, како што подвлече претседателот Пендаровски, граѓаните на овие земји полека почнуваат да губат надеж дека ќе ги почувствуваме бенефитите и вредностите од членството во Унијата, односно, додаде претседателот Пендаровски, се сомневаат дека регионот на Западен Балкан ќе биде во иста ситуација како што е Турција.

На конференцијата „Балкански дијалози“ претседателот Пендаровски го повтори ставот дека Република Северна Македонија не е против нова методологија за проширувањето на Европската Унија, ниту пак е против реверзибилност на процесот ако одредена земја значително назадува при процесот на преговори со Унијата.

Истовремено, претседателот Пендаровски нагласи дека Европската Унија не и е потребна на нашата земја само поради пристапот кон заедничкиот пазар, туку пред се, заради политичките и демократски вредности кои ги има и кои се практикуваат во земјите членки на ЕУ. Истите вредности, како што заклучи претседателот Пендаровски, за жал, сеуште не се на задоволително ниво, ниту во Северна Македонија, ниту пак во останатите земји од регионот на Западен Балкан.

Во однос на преговорите меѓу Србија и Косово претседателот Пендаровски истакна дека очекува ова прашање да се затвори со активно инволвирање на нашите западни пријатели, односно САД и ЕУ.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....

Прес-конференција на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен: Австрија е докажан пријател на регионот

Прес-конференција на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен: Австрија е докажан пријател на регионот

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен на Република Северна Македонија, претседателите Пендаровски и Ван дер Белен одржаа заедничка прес-конференција. Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на...

Церемонија со највисоки државни и воени почести – претседателот Пендаровски го пречека сојузниот претседател на Австрија, Александер Ван дер Белен

Церемонија со највисоки државни и воени почести – претседателот Пендаровски го пречека сојузниот претседател на Австрија, Александер Ван дер Белен

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој во придружба на неговата сопруга, Дорис Шмидауер, престојува во официјална посета на...