Претседателот Пендаровски од 4. Регионален форум: Како одговорни политичари на младите мора да им обезбедиме можности да успеат во својата матична земја

23 ноември 2019 | Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Нови Сад, учествуваше и се обрати на 4. Регионален младински форум – Претседателски панел.

Осврнувајќи се на актуелната состојба на регионот, претседателот Пендаровски рече дека нашите општества може да напредуваат, доколку повеќе ги користиме домашните ресурси и потенцијал.

Тој додаде дека регионот значително е зависен од меѓународна помош и тоа главно од помошта од Европската Унија и од НАТО.

Посочувајќи дека и во следната деценија регионот на Западен Балкан ќе биде зависен од она што ќе го понуди Европската Унија, претседателот Пендаровски повтори дека одлуката да не и се даде датум за преговори на Северна Македонија беше непријатна не само за Северна Македонија и за Албанија, туку и за целиот регион.

Во исчекување на прецизно дефинирана нова методологија којашто ја предложи Франција и евентуален старт на преговорите со Европската Унија, како што додаде претседателот Пендаровски, Северна Македонија, но и сите земји од регионот коишто чекаат датум за преговори или преговараат долго време, треба да ја зајакнат регионалната соработка.

„Ако ги имплементираме вредностите на Европската Унија во нашите земји, ќе можеме да ги задржиме младите во земјата. Младите можат да одат каде сакаат и тоа не може никој да им го забрани. Но ние, како одговорни политичари мора да им понудиме можност тука, дома да ја имаат првата шанса за да успеат. Само ако им го понудиме тоа, можеме да се надеваме дека ќе останат во своите матични земји“, заклучи претседателот Пендаровски на претседателскиот панел на 4. Регионален младински форум, којшто се одржува во Нови Сад, Србија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....